Дејвид Бекам ѝ го честита роденденот на Викторија со фотки од детството, откако ја изигнорира годишнината на син му Бруклин
- Детали
- четврток, 17 април 2025
Дејвид Бекам ѝ го честита роденденот на саканата со емотивна објава на Инстаграм. Пред околу една недела, син им Бруклин и Никола Пелц ја прославија третата годишнина, но Бекамови целосно ги изигнорираа, па се шпекулира дека Викторија и снаата повторно се скарани.
Денес (17.04) Викторија Бекам го слави 51-иот роденден.
Модната дизајнерка засега нема споделено планови за прослава, но сопругот Дејвид веќе ѝ честита со емотивна објава на Инстаграм.
Познатиот фудбалер сподели неколку постари фотки од нив двајца, како и две фотки на кои Викторија е дете.
„Среќен роденден на најневеројатната сопруга, мајка и најдобрата пријателка која можевме да ја посакаме. Имај го најсовршениот ден бидејќи заслужуваш и многу те сакаме“.
Во коментари, и Круз Бекам ѝ го честита роденденот на мајка му:
„Те сакам многу мамо. Од првиот ден ни покажуваш безусловна љубов и оттогаш немаш престанато“.
20-годишниот син на Бекамови сподели честитка и на Инстаграм Стори, со стара фотка со мајка му на која тој е бебе.
„Среќен роденден на најинспиративната мајка. Направи сè за нас“.
Другите синови на Бекамови, Ромео и Бруклин, уште немаат споделено ништо за роденденот.
Но, додека Ромео го помина викендот со мајка му и татко му на јахта, за Бруклин се шпекулира дека го заладил односот со нив.
На 9-ти април, Бруклин ја прослави третата годишнина со сопругата Никола, но се чини дека Бекамови целосно го игнорираа важниот ден.
По повод годишнината, Бруклин сподели фотки од свадбата со Никола, но никој од неговото семејство не ја ни лајкна објавата.
Слична објава сподели и Никола, но ни кај неа нема никаква реакција од Бекамови.
Потоа Бруклин се пофали дека добиле букет цвеќе, но само од родителите на Никола.
Според гласините, Бруклин најпрво го заладил односот со брат му Ромео кој моментално се гледа со негова бивша девојка.
Но, сега се шпекулира дека Викторија и Никола можеби повторно му се вратиле на конфликтот кој почна на свадбата со Бруклин.
Засега ни Бекамови, ни Бруклин и Никола се немаат огласено за шпекулациите.
Погледнете и: Семејна драма кај Бекамови: Бруклин не зборува со Ромео бидејќи е во врска со негова бивша девојка
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





