Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Џон Траволта емотивен за роденденот на синот, кој почина на 16 години по епилептичен напад: „Ќе те сакам засекогаш“

Уште не е познато што го причинува нарушувањето, но и Кели и Џон Траволта имаат изјавено дека биле сигурни дека голем удел има околината, односно изложеноста на средства за чистење со хемикалии, пестициди и слично.

„Со син ми, отсекогаш бев опседната со чистење – неговиот простор да биде чист, па постојано ги перевме теписите.

Па, мислев дека поради тоа, штетните гасови надвор, а можеби и бидејќи допрел нешто, доби ретко заболување – Кавасакиева болест“, изјави Кели.

dzhon-travolta-emotiven-za-rodendenot-na-sinot-koj-pochina-na-16-godini-po-epileptichen-napad-kje-te-sakam-zasekogash-08.JPG

Тие сметаа и дека аутизмот е причинет од истите фактори.

„Цврсто верувам како мајка, исто како и мојот сопруг, дека има одредени фактори кои водат до аутизам и дека некои од нив се хемикалиите во нашата околина и храната“, има изјавено Кели.

dzhon-travolta-emotiven-za-rodendenot-na-sinot-koj-pochina-na-16-godini-po-epileptichen-napad-kje-te-sakam-zasekogash-10.JPG

Со помош на скиентолошката црква, тие пробувале и „техники за прочистување“ за нивниот син.

Поради аутизмот, Џет имал проблеми со комуникацијата, а истовремено и честопати имал епилептични напади.

Џет пиел лекови кои ги спречувале нападите, но по некое време ја изгубиле ефикасноста, а и неговите родители биле загрижени за несаканите ефекти.

Па, престанал да ги пие и почнал да има напади околу еднаш неделно.

dzhon-travolta-emotiven-za-rodendenot-na-sinot-koj-pochina-na-16-godini-po-epileptichen-napad-kje-te-sakam-zasekogash-04.JPG

Во 2009 година, додека биле на одмор на Бахамите, Џет имал напад додека бил во бањата, па си ја удрил главата од кадата.

Неговиот негувател го пронашол без свест и веднаш бил пренесен во болница, но таму им подлегнал на повредите.

Дотогаш, актерот и сопругата не откриваа ништо за нарушувањето на Џет, но по трагедијата, почнаа отворено да зборуваат, со цел да ја зголемат свесноста за аутизмот.

Пред смртта на Кели, тие основаа и фондација во чест на син им, со цел да им помагаат на деца со посебни потреби.

dzhon-travolta-emotiven-za-rodendenot-na-sinot-koj-pochina-na-16-godini-po-epileptichen-napad-kje-te-sakam-zasekogash-02.JPG

Низ годините, и по смртта на Кели Престон, Џон Траволта честопати го спомнува син му.

„Велат дека најтешкото нешто во животот е да изгубиш родител. Сега можам да тврдам дека тоа не е точно. Најтешко во животот е да изгубиш дете…

Син ми почина од епилептичен напад. Тој ми донесе толку многу радост, беше моето сè. Тоа што 16 години му бев татко ме научи да сакам безусловно.
Минувајте време со вашите родители, а вие родители – минувајте време со вашите деца. Бидејќи, еден ден, кога ќе го кренете погледот од телефонот, тие нема да бидат таму.

Она што научив од целата ситуација е да живеете и да сакате како секој ден да ви е последен. Бидејќи, еден ден и ќе ви биде последен“, има изјавено актерот.

dzhon-travolta-emotiven-za-rodendenot-na-sinot-koj-pochina-na-16-godini-po-epileptichen-napad-kje-te-sakam-zasekogash-07.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Зависности, брак од 6 дена: Проклетството што ги следи актерите од „Сам дома“ Актерот што го глуми Баз, брат му на Кевин, беше обвинет за семејно насилство, н...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Меган Фокс се породи - Доби ќерка со Машин Ган Кели, среде љубовните драми и неговите контакти со др... Машин Ган Кели објави видео како со налакирани, излупени нокти ја гали новороден...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Меган Фокс флертува со Микеле Мороне од „365 Days“, по раскинувањето: „Сигурна е дека Машин Ган Кели... По разделбата со Машин Ган Кели, фановите почнаа да ја поврзуваат Меган Фокс со ...
Познати личности од Македонија и светот што ги изгубивме во 2024-та Шенон Доерти ја изгуби битката со ракот, додека Лиам Пејн трагично загина на сам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg