Ја гледа вљубено, постојано ја држи за рака: Кијану Ривс на романтичен ручек со девојка му Александра (фото)
- Детали
- среда, 09 април 2025
На последните папарацо фотки, Кијану Ривс и девојка му Александра изгледаат повљубено од кога било – додека се на ручек, постојано се насмеани, се држат за рака и повремено споделуваат бакнежи.
Кијану Ривс и Александра Грант ја потврдија врската во 2019-та и речиси шест години подоцна, изгледаат повљубени од кога било.
60-годишниот актер и 52-годишната Александра не споделуваат детали за нивната врска, но од последните папарацо фотки, јасно е дека заедно се навистина среќни.
Викендов парот беше забележан на ручек во ресторан во Лондон.
На папарацо фотките, Кијану не го трга погледот од својата сакана, неколкупати споделија бакнеж и речиси постојано се држеа за рака.
И двајцата изгледаат одлично расположени и, како што коментираат некои фанови, делуваат како пар вљубени тинејџери.
Во еден миг им пријде и фан на Кијану, а актерот, кој е познат како личност која никогаш не ги избегнува своите обожаватели, со задоволство се ракува со него.
Александра, пак, ги гледаше со широка насмевка.
Откако завршија со ручекот, Кијану и Александра беа фотографирани како пешачат, фатени за рака, а актерот повторно имаше средба со фан и го почести со поздрав.
Кијану ретко споделува детали за врската со Александра, но на последниот настан на кој присуствуваа заедно – премиерата на филмот Sonic The Hedgehog 3 – актерот изјави дека е среќен што е со неа.
На прашањето дали премиерата им е како романтичен состанок, тој изјави:
„Мислам дека! Се дотеравме и бевме возбудени, во автомобилот бевме малку нервозни, но кога излеговме си помислив дека е навистина убаво што сме еден покрај друг“.
Повеќе фотки од вљубениот пар:
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





