Бен Афлек првпат прозборе за Џеј Ло по разводот: „Не сакам да откривам детали бидејќи сум засрамен“
Бен вели дека прифатил да биде дел од документарецот бидејќи му се чинел интересен и сакал да види како ќе најдат заеднички јазик во целата ситуација.
„Бидејќи јас ја сакам и почитувам оваа личност. Верувам во неа. Одлична е и сакам луѓето да го видат тоа“, додава актерот.
Сепак, тој вели дека фановите не треба премногу да го анализираат документарецот и истакнува дека има многу почит за Џеј Ло, без разлика што се случило меѓу нив.
„Не можете да го изгледате документарецот и само да си речете ’Ах, да, сега разбирам какви проблеми имале овие двајца (Бен и Џеј Ло)“.
Понатаму во интервјуто, актерот ја спомнува и Џенифер Гарнер – првата сопруга со која е особено близок по разводот од Џеј Ло.
„Навистина сум среќен што имам партнер како Џенифер Гарнер, мајката на моите деца, која е прекрасна и со која одлично се согласуваме“.
Минатиот месец, Бен и Гарнер ги разгореа шпекулациите дека меѓу нив уште има чувства, откако актерот ја прегрна во јавност.
Сепак, извори блиски до актерката велат дека ѝ е страв повторно да се впушти во врска со него.
„Исплашена е да не се вљуби повторно во него. Уште има проблеми со довербата бидејќи Бен спиеше со нивната дадилка.
Го сака Бен, но загрижена е дека повторно ќе ја скрши. Многу работи можат да тргнат на погрешно ако ја обнова врската“.
Веќе следниот ден откако беше издадено новото интервју на Бен, актерот беше забележан во Лос Анџелес во одлично расположение.
Во лежерно издание, актерот кој обично ги мрази папараците, сега дури и се насмевна пред нив.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





