Првиот интимен однос им го прекинала полиција, и по 42 години заедно не сакаат брак - Љубовната приказна на Голди Хоун и Курт Расел
- Детали
- сабота, 29 март 2025
Се запозна во 1966 година, но животот ги раздели. Се венчаа со други луѓе и станаа родители, но една средба во 1983 година засекогаш им ги смени животите. Како Голди Хоун и Курт Расел ја одржуваат љубовта?
Курт Расел, актерот кого го засакавме преку Tango and Cash и Escape from New York, уште од 1983 година љуби само една жена - Голди Хоун.
Нивната љубов е хармонична исто како и на почетокот на врската, пред 42 години, а според Голди, причината за тоа е што никогаш не се венчаа.
„Да стапевме во брак, одамна ќе бевме разведени“, смета Голди.
Се запознале во 1966 година, на снимањето на мјузиклот The One and Only, Genuine, Original Family Band.
Но, патиштата им се раздвоиле, и тие не се сретнале ниеднаш во следните 17 години.
Во тоа време Курт се оженил со Сизон Хабли, со која бил 4 години во брак, и со која го има синот Брендон.
Голди, пак, се мажела двапати, прво за Гас Тринконис, а потоа и со Бил Хадсон, со кого го добила синот Оливер и ќерката Кејт (двајцата актери).
И како што вообичаено се случува во Холивуд, Курт и Голди повторно се сретнале на снимање, овој пат на филмот Swing Shift во 1983 година.
„Го знаете она чувство кога не можете да се сетите зошто сте се вљубиле во некого? Кај мене не е така.
Јас се сеќавам на сите ситници и на работите што направија да го засакам. Тоа е навистина прекрасно чувство“, рекла Голди во едно интервју.
Курт, пак, во една своја изјава кажал дека никогаш нема да го заборави првиот пат кога воделе љубов, затоа што ги прекинала полицијата.
„Бевме во кино, па отидовме да танцуваме. Си поминавме лудо и сфативме дека не сакаме вечерта да заврши на тоа.
Па продолживме во нејзината нова куќа. Се качивме на кат, го разгледавме „имагинарниот“ мебел во спалната соба и почнавме да водиме љубов.
Во следниот момент се појави полицијата!“ - се сеќава Расел.
Тој објаснил дека во тоа време Голди сè уште не била вселена, па кога соседите виделе светло во „ниедно време“, повикале полиција во страв дека некој пробува да ја обие куќата.
По три години врска го добиле синот Вајат, а една година по неговото раѓање, и третпат застанале заедно пред камерите, сега снимајќи го филмот Overboard.
Запрашани за тајната на нивната долга и хармонична љубов, во една пригода Голди рекла:
„Секогаш си даваме простор еден на друг. Знаеме кога на другиот му треба поддршка, а кога мир.
Важно е да можеш да бидеш самостоен и кога си во врска. Исто така, верувам дека една личност не може да го носи целиот товар, ќе стане тешко, нели?
А другата тајна е да останете секси и да се фокусирате на сите аспекти кои ја прават врската здрава - а сексуалноста е дефинитивно една од нив“.
Курт има слични ставови. Тој во своите интервјуа често истакнува дека не може да замисли друга жена покрај себе.
„На неа ѝ го должам мојот прекрасен живот. Ја ценам неа и работите што ги прави за нашето семејство“, рекол тој.
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





