Ослабе 13kg, има нова 19 години помлада девојка – Ченинг Тејтум пробува да си ја пронајде среќата
- Детали
- четврток, 27 март 2025
5 месеци по раскинувањето на свршувачката со Зои Кравиц и неуспешните врски и брак претходно, згодниот актер е забележан со новата 25-годишна девојка откако претходно изјави: „Никогаш веќе нема да прифатам улога за дебел лик“.
На Ченинг Тејтум (44) изгледа никако не може да му тргне во љубовта по разводот со актерката Џена Деван, со која беа во складен брак 9 години, во кој ја добија ќерката Еверли.
Брзо по разводот со Џена, во 2018-та тој започна врска со Џеси Џеј, а не ја криеја нивната љубов од јавноста.
Љубовта траеше до крајот на 2019-та, кога беше соопштено дека се разделиле, но уште се добри пријатели.
Таа си ја пронајде среќата и сега е во брак со Орландо Блум, со кого имаат едно дете.
Во август 2021, пријателството помеѓу Ченинг и Зои Кравиц, која е 8 години помлада од него, прерасна во нешто повеќе, па откако нивната врска стана јавна, тие се појавуваа на многу настани заедно, а беа блиски дури и со своите семејства.
Нивната врска беше сериозна, а медиумите од извори дознаа дека тие тајно се свршиле, па ја фотографираа Зои со она за што се веруваше дека е веренички прстен.
Сепак, и покрај тоа што личеа на складен пар кој ужива во љубовта, кон крајот на 2024-та, тие решија да стават крај на тригодишната врска и ја раскинаа свршувачката.
Неколку месеци подоцна, актерот продолжи со животот, па сега си најде уште помлада девојка.
Ченинг моментално е во врска со 25-годишниот модел Инка Вилијамс од Австралија.
Викендов тие беа забележани на вечера со пријатели во Санта Моника, иако и претходно неколкупати биле фотографирани заедно, а Ченинг патувал во Австралија за да се види со неа.
Парот беше облечен во лежерна, младешка облека, изгледаат опуштено и насмеано, а Тејтум во еден момент лежи на нејзиното рамо.
Изгледа како навистина да се обидува да си ја пронајде среќата и да се вклопи во друштвото на новата девојка.
Претходно, тој објави дека ослабел 13 килограми и ја покажа неговата трансформација, докажувајќи дека повторно ја вратил својата секси фигура.
Килограмите тој ги качил за потребите на снимањата, но се пошегува дека веќе никогаш нема да прифали улога на дебел лик.
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





