Дру Баримор направила пластична операција на 17 години: „Морав да ги намалам градите“
- Детали
- четврток, 13 март 2025
„Кога градите ни се огромни, ние жените се чувствуваме несигурно. Нè боли грбот, што и да облечеме изгледаме како да сме огромни. Неудобно е“, има изјавено Дру Баримор за одлуката да ги намали градите на 17-годишна возраст.
Вo нејзиното шоу, Дру Баримор водеше дискусија за женското здравје, вклучувајќи и рак на дојка.
Па, ја искористи пригодата за да ја спомне нејзината пластична операција која ја направила на само 17-годишна возраст.
Гостинка во шоуто беше докторка која зборуваше за важноста од тестовите како мамографија.
Тогаш Дру ја спомна нејзината операција за намалување на градите – нешто за коешто избегнува да зборува.
„Што ако некој ги намалил градите, како мене? Што ако некој има импланти и ги зголеми градите?
Дали овие промени на телото влијаат врз резултатите од тестирањето?“
Докторката ѝ одговори дека ако не се задоволни од резултатите, жените секогаш треба да бараат и второ мислење.
Дру ја направила операцијата во 1992-ра, а оттогаш ја има спомнато само два-трипати.
Во постаро интервју објасни зошто се одлучила за намалување на градите:
„Навистина си го сакам телото такво какво што ми е сега. Има нешто навистина непријатно со жените и нивните гради бидејќи мажите постојано ги гледаат.
Кога се огромни, ние жените стануваме несигурни. Нè боли грбот. Што и да облечеме изгледаме како да сме огромни. Неудобно е“.
Пред околу една година, Дру повторно зборуваше за операцијата, но и процедури за разубавување.
Актерката изјави дека не сакала да прави корекции бидејќи е личност која лесно станува зависна и може да си создаде проблем.
За потсетување, Дру првпат беше на рехабилитација на само 13-годишна возраст.
„Немам направено никаква корекција и ќе ги избегнувам што е можно подолго.
Не ги осудувам другите кои прават корекции. Но, себеси не се гледам како личност која ќе отиде ’под нож‘.
Страв ми е дека ќе станам зависна, ќе почнам со едно, па ќе сакам да средам нешто друго.
Ова ме плаши, бидејќи јас така им пристапувам на работите. Па, ќе чекам што е можно подолго пред да направам каква било корекција“.
Дру додава и дека не користи ниту ботокс.
„Сега само сакам да им покажам на моите ќерки дека стареењето е луксуз. Ако сме среќни, сите ќе доживееме старост.
Сакам да им биде поважно какви личности се, а не како изгледаат“, вели актерката.
Прочитајте и: Дру Баримор: „Majка ми од мене креираше чудовиште и на 13 години ме смести во психијатриска установа“
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





