Винсент Касел со 30 години помладата девојка на плажа, откако му роди дете – прв син по трите ќерки од други жени (фото)
- Детали
- вторник, 11 март 2025
28-годишната девојка на Винсент Касел е во топ форма само два месеца по породувањето. 58-годишниот актер и девојка му беа забележани во Бразил, а наводно со нив била и најстарата ќерка на Винсент – Дева – која ја доби со Моника Белучи.
Не е тајна дека Винсент Касел сака (многу) помлади девојки, па и неговата сегашна девојка е 30 години помлада од негo.
Во јануари годинава, 58-годишниот актер и 28-годишниот модел открија дека го добија нивното прво дете.
Сега, првпат откако ги споделија убавите вести, Винсент и Нара беа забележани на плажа во Бразил.
Наводно, на патувањето била и Дева – ќерката што Винсент ја доби со Моника Белучи – но младата убавица не се гледа на фотките.
Едвај две недели по породувањето, Нара изгледа совршено.
Прочитајте и: Како цртана е, ја нарекуваат копија на неговата бивша: Која е новата 27-годишна девојка на Винсент Касел (57)?
Вестите за приновата ги сподели таа, со неколку фотки на Инстаграм, а откри и дека детето се вика Каетано.
„Ти благодарам сине, ти благодарам што ме избра мене. Не ја собира целата љубов во мене, преплавена сум.
Плачам и плачам и плачам. Но, тоа е чиста љубов. Пред точно една недела, се роди ти“, пишува на објаватa од 14-ти јануари.
Винсент беше оној кој се пофали дека со Нара очекуваат дете, и тоа неполна година откако се разведе од претходната сопруга Тина Кунаки, која исто така е 30 години помлада од него.
Свадбата со втората сопруга Тина
Винсент веќе има три ќерки – Дева и Леони кои ги доби со Моника Белучи, и 5-годишно девојче што го доби со втората сопруга Тина.
Ќерка му Дева
Не е познато дали Винсент ја оставил Тина за сегашната сопруга, но извори велат дека таа била „скршена од болка“ поради разводот.
Тој ја почна врската со Нара речиси веднаш по разделбата и не се знае дали засега размислуваат за брак.
Прочитајте и: Чека дете со 27-годишна девојка, ја изневерувал Моника Белучи – Скандалозниот љубовен живот на Винсент Касел (57)
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





