„Мислам дека ќе умрам ако не го соблечам“: Ким покажа како паничeла во тесниот фустан за Мет гала 2024
- Детали
- петок, 14 февруари 2025
„Ме фаќа клаустофобија. Никогаш не сум се чувствувала вака, како да не можам да дишам. Мислам дека ќе повратам“, вели Ким за тесниот сребрен фустан во новата епизода на реалното шоу на Кардашијанс која е снимена за време на Мет гала 2024.
Фустанот што Ким Кардашијан го носеше на Мет гала 2024 повторно е тема на разговор, благодарение на новата епизода на реалното шоу на Кардашијанс.
Екстремно тесниот корсет што Ким го носеше лани предизвика контроверзии и сите имаа само едно прашање за ријалити ѕвездата – како воопшто дише во сребрената креација?
Некои се шегуваа и дека сигурно си има извадено ребра за да може да го облече корсетот.
Новата епизода на шоуто е снимена токму во периодот на Мет гала 2024, а Ким покажува и како ѝ изгледа грбот поради корсетот.
Додека го облекува фустанот пред свеченоста, Ким разговара со дизајнерот и нејзиниот фризер:
„Не ми е неудобно колку што изгледа. Ова дефинитивно е облека за перформанс.
Бог да ги благослови актерите од серијата Bridgerton, тие треба секој ден да се облекуваат вака. Тоа би било тешко“.
Сепак, уште пред да стигне на настанот, Ким почнува да паничи.
Додека е во лимузина на пат кон Мет галата, Ким вели дека не може да дише и дека никогаш не чувствувала толку силна болка.
„Ме фаќа клаустофобија. Никогаш не сум се чувствувала вака, како да не можам да дишам.
Мислам дека ќе повратам. Никогаш не ми било вака неудобно“.
Ким планирала порано да го напушти настанот за да може да го соблече фустанот.
„Планирав да се искрадам пред вечерата, но тогаш поминав покрај масата на Ана Винтур и ми рече ’Супер, тука си. Можеш ли да седиш на моето место додека да прошетам наоколу?‘“ - раскажува Ким во новата епизда.
„Не можам да го носам многу долго. Морам да одам во тоалет, не можам да дишам, не можам ни да се соблечам, мислам дека ќе умрам ако не го соблечам веднаш“, вели Ким кога се враќа од настанот.
Кога конечно го соблекува фустанот, пред камерите Ким покажува и како ѝ изгледа кожата.
Корсетот како да се втиснал во нејзиниот грб и нејзината кожа е црвена.
Додека се соблекува, мајка ѝ Крис Џенер се шегува со Ким и ја прашува зошто не може да облече нормален фустан на Мет галата.
Кога, пак, еден од продуцентите ја прашува дали болката вредеше, Ким одговара:
„Апсолутно! Ако изгледа добро, тогаш вредеше“.
Повеќе фотки од Ким на Мет галата на следната страница...
Би можело да ве интересира:





