Има милиони, а изгледа како скитник – Како живее Адам Сендлер, најскромниот (и најдарежливиот) актер во Холивуд?
- Детали
- сабота, 15 февруари 2025
Богатството на Адам Сендлер се проценува на речиси половина милијарда долари, но наместо да се оптоварува со тоа да изгледа „богато“, актерот се фокусира на донирање во добротворни цели. А, познато е и дека наместо за себе, сака да купува скапи подароци за саканите.
Веќе неколку години наназад, Адам Сендлер редовно се наоѓа на листата на најплатени актери во Холивуд.
Иако можеби неговите филмови не се за секого и доста често се соочуваат и со критики, факт е дека актерот знае како да се снајде во филмската индустрија.
Но, кога ќе го видите на улица, сигурно не би помислиле дека актерот „тежи“ речиси половина милијарда долари.
На секоја папарацо фотка, Адам е во широка, удобна облека и воопшто не му е гајле што некогаш е и мета на шеги за својот стајлинг.
По тренерки и патики, дури и на важни настани, јасно е дека актерот воопшто не е опседнат со тоа да изгледа „богато“ и само сака да ужива во животот.
Како Адам стана еден од најбогатите актери и како ги троши парите?
Како го стекна богатството?
Адам Сендлер ја почна кариерата во американското шоу Saturday Night Life.
Оттаму, почна да се пробива и на филмското платно и набрзо се појави во филмот Billy Madison кој стана огромен хит.
Адам се потпиша како еден од сценаристите, со што беше откриен и неговиот талент за пишување.
Низ годините, Адам успеваше да сними филмови со релативно мал буџет кои заработуваа над 100 милиони долари.
Отвори и своја продукциска куќа преку која успева да заработи дури и од неговите лоши филмови.
Потоа направи договор со Нетфликс – најпрво за четири филмови, но поради нивниот успех, договорот му беше продолжен.
Само од договорите со Нетфликс актерот заработи над 250 милиони долари, а добива пари и за постарите филмови кои се емитуваат на стриминг платформите.
Истовремено, Адам има издадено и неколку музички албуми, што му носат дополнителна заработка
Денес неговото богатство се проценува на повеќе од 420 милиони долари.
Погледнете и: 10-те најдобри комедии на Адам Сендлер кои оставија траг во филмската индустрија
На следната страница како актерот ги троши парите...
Би можело да ве интересира:
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_113995_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_113194_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_115127_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_112560_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_108949_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_110871_400.jpg)