Порано дечкото мораше да има свое купатило, денес да е 30 години помлад од неа - Како Мадона ги менуваше љубовните критериуми?
На листата многу помлади дечковци е и поранешниот свршеник на Џенифер Лопез - Алекс Родригез - тој е 17 години помлад од Мадона, а беа во врска во 2008 година.
Од 2009 до 2010 пејачката покрај себе го „шеташе“ бразилскиот модел и диџеј Хесус Луз, кој е 28 години помлад од неа.
Следните три години го љубеше танчарот Брахим Заибат, кој има 29 години помалку од неа.
По него, Мадона кратко се гледаше со танчарот и кореограф Тимор Стивенс - тој е 30 години помлад од пејачката.
Од 2019 до 2022 дечко ѝ беше Аламалик Вилијамс, исто така танчар и кореограф - разликата меѓу нив е цели 36 години, но Мадона изјавуваше дека се многу среќни.
По ова, таа се гледаше со боксерскиот тренер Џош Попер, кој е 35 години помлад од неа.
Во моментов Мадона (66) е во врска сo јамајканскиот фудбалер Аким Морис (28) и заедно се околу една година.
А. Ј. | Црнобело