Добија близнаци во тајност, не се видени заедно 2 години: Љубовната приказна на Ана Курникова и Енрике Иглесијас
Ана самата има изјавено дека не планираат да се венчаат.
„Сакам да имам деца. Но, бракот не ми е важен. Во среќна врска сум.
Сметам дека она што е важно е посветеноста на партнерот.
Верувам дека треба да бидеме отворени, да си веруваме и целосно да се почитуваме“.
Подоцна и Енрике откри дека го има истиот став.
„Мислам дека бракот не би направил голема разлика. Можеби мислиме така бидејќи и двајцата имаме разведени родители.
Но, сметам дека еден документ нема да направи да се сакаме повеќе.
Денес не е табу да имате деца, а да не сте во брак. Многу поважно е да бидете добри родители“.
Ана и Енрике толку добро кријат детали од врската, што успеаја да ја скријат и бременоста на тенисерката.
Па, вистинско изненадување беше кога во 2017-та открија дека добиле близнаци.
Парот избегнува да зборува за децата, но Енрике сподели дека родителството им го подобрило животот.
„Сега имаме повеќе секс од кога било. И, сакам да гледам колку добра мајка е Ана, какви инстинкти има“.
Во 2020 година парот доби уште едно дете.
Тие пробаа да ја скријат и оваа бременост, но тенисерката беше фотографирана со трудничко стомаче во Мајами.
По повеќе од две децении заедно, Ана и Енрике дефинитивно ја имаат една од постабилните врски во светот на славните.
А, пејачот вели дека неа не ѝ пречи ниту кога тој ги бакнува обожавателките на своите концерти.
„Нема проблем дури и кога Ана е на концертот – сакам да ги прегрнувам и бакнувам моите фанови. Сакам да се зближам со нив.
Некогаш на шега ми вели дека добива чудни погледи од обожавателките, но додава дека воопшто не ѝ пречи“.
Ана и Енрике немаат споделено заедничка фотка повеќе од две години, а толку долго се немаат ни заедно појавено во јавност.
Единствено минатото лето Ана сподели фотка со партнерот по повод Денот на таткото.
Извори блиски до парот, пак, велат дека се посреќни од кога било со нивното големо семејство.
Спирова С. | Црнобело