Добија близнаци во тајност, не се видени заедно 2 години: Љубовната приказна на Ана Курникова и Енрике Иглесијас
- Детали
- недела, 02 февруари 2025
Заедно се повеќе од две децении, но не планираат да се венчаат. А, иако никој не ги видел заедно веќе две години, извори блиски до Ана и Енрике тврдат дека тие се посреќни од кога било со нивните три деца.
Поранешната тенисерка Ана Курникова и пејачот Енрике Иглесијас се заедно повеќе од две децении, но не се појавиле во јавност скоро две години.
Неодамна, папараците ја уловија 43-годишната тенисерка, но без друштво на саканиот.
А, фотките предизвикаа и загриженост бидејќи Ана е во инвалидска количка.
Енрике и Ана максимално се трудат да ја зачуваат нивната приватност, па ниту еден од нив нема откриено со каква повреда се соочува тенисерката.
Притоа, иако важеа за еден од најпознатите парови, особено на почетокот на нивната врска, не споделуваат скоро ништо за нивниот заеднички живот.
Што знаеме за љубовта на Ана и Енрике?
Покрај тоа што беше тенисерка, Ана работеше и како модел, а во 2001 година се појави во спотот за песната Escape на Енрике Иглесијас.
И, одовде почнува нивната романса.
Уште откако беше издаден спотот, фановите шпекулираа дека се пар, но тие првпат се појавија заедно дури во август 2002-ра, на доделувањето на MTV Video Music Awards.
Парот избегнуваше да зборува за врската, единствено Енрике изјави дека снимањето на спотот со саканата му го променило животот.
„Животот ми се промени на начин на којшто не ни помислував. Кога се запознавме, веднаш се зближивме.
И двајцата знаевме како е да си славна личности, па ова многу ни помогна.
Почнавме да се поврзуваме и нашата врска стануваше сè посилна“.
Во 2004 година, Ана беше забележана со огромен дијамантски прстен, па почна да се шпекулира дека се свршиле.
Набрзо потоа, се појавија гласини дека е венчале во тајност, со скромна прослава во Мексико.
Сепак, тогаш двајцата го негираа ова.
Две години подоцна, Енрике изјави дека се разделиле.
„Се разведовме. Сега сум сингл, но во ред е, не ми пречи да сум сам“.
Набрзо потоа извори блиски до парот изјавија дека пејачот само се шегувал, но и дека не се во брак.