Како изгледа да се соработува со Меланија Трамп + видео од изработката на нејзиниот хит шешир
- Детали
- петок, 24 јануари 2025
„Искрено, сè додека не се појави со шеширот на глава не бев сигурен дали воопшто ќе го носи. Знам дека ѝ се допадна што направив, но никогаш не се знае“, вели дизајнерот на шеширот на Меланија Трамп, а видеото од неговата изработка ќе ве воодушеви.
Ерик Џавитс од САД e дизајнер на чанти и чевли и тој е „виновникот“ за моќниот шешир на Меланија Трамп, со кој таа остави силен впечаток на инаугурацијата на нејзиниот сопруг Доналд.
Ерик за американските медиуми сподели како изгледала соработката со Меланија, но и неизвесноста:
„Искрено, сè додека не се појави со шеширот на глава не бев сигурен дали воопшто ќе го носи.
Знам дека ѝ се допадна што направив, но никогаш не се знае“.
Тој открива дека го контактирал стилистот на Меланија Трамп, Хрв Пјер, кој му кажал дека таа сака да носи негов шешир на инаугурацијата и дека веќе поседува еден од неговите шешири.
Всушност, соработката со Меланија не оди директно, туку преку нејзиниот стилист, открива Ерик.
Ерик никогаш не ја сретнал Меланија и за сè се координирал со стилистот Пјер, кој му објаснил каков модел на шешир сака Меланија и го водел низ целиот дизајнерски процес.
Шеширот е рачно изработен и Ерик вели дека само 8 проценти од неговото шиење е машинско.
Погледнете видео како изгледала рачната изработка на шеширот на Меланија:
С. С. | Црнобело