Не се само пластични операции: Зошто ѕвездите изгледаат подобро од кога било, и по 60-тата година?

Деми Мур има 62 години и изгледа подобро од кога било. Но, Елизабет Тејлор, која важи за една од најубавите актерки кои се појавиле во Холивуд, на иста возраст делува многу постаро. Покрај процедурите кои се подостапни од кога било, на што друго се должи младешкиот изглед на ѕвездите?

ne-se-samo-plastichni-operacii-zoshto-dzvezdite-izgledaat-podobro-od-koga-bilo-i-po-60-tata-godina-01.jpg

Деми Мур, Сандра Булок, па и Лепа Брена веќе ја „газат“ седмата деценија од животот, но ако не им ја знаете возраста, сигурно не би им дале 60 и повеќе години.

ne-se-samo-plastichni-operacii-zoshto-dzvezdite-izgledaat-podobro-od-koga-bilo-i-po-60-tata-godina-02.JPG

Од друга страна, кога ќе погледнете фотографија од, на пример, Елизабет Тејлор на иста возраст, веројатно ќе помислите дека има сигурно барем 70 години.

ne-se-samo-plastichni-operacii-zoshto-dzvezdite-izgledaat-podobro-od-koga-bilo-i-po-60-tata-godina-03.JPGЕлизабет Тејлор на 60-годишна возраст

Исто добра споредба за овој феномен се сериите The Golden Girls (која се емитуваше во 1980-тите) и Just Like That (новото продолжение на Sex and the City).

И во двете серии, главните ликови се жени во 50-тите години од животот.

ne-se-samo-plastichni-operacii-zoshto-dzvezdite-izgledaat-podobro-od-koga-bilo-i-po-60-tata-godina-05.JPG

Но, кога ќе ги погледнете актерките од The Golden Girls, сигурно ќе помислите дека имаат над 65, можеби и 70 години.

ne-se-samo-plastichni-operacii-zoshto-dzvezdite-izgledaat-podobro-od-koga-bilo-i-po-60-tata-godina-04.JPG

Иста е ситуацијата и со мажите – Џорџ Клуни има 63 години, а изгледа подобро од кога било.

ne-se-samo-plastichni-operacii-zoshto-dzvezdite-izgledaat-podobro-od-koga-bilo-i-po-60-tata-godina-06.JPG

Од друга страна, неговиот колега Џејсон Александар е во 30-тите години од животот во серијата Seinfeld, а некако делува постаро и од Џорџ Клуни.

ne-se-samo-plastichni-operacii-zoshto-dzvezdite-izgledaat-podobro-od-koga-bilo-i-po-60-tata-godina-07.JPG

Актерот Џон Лигоу, пак, најпознат по серијата Third Rock form the Sun, на 60 години веќе беше проќелав и делува многу постар од Клуни.

ne-se-samo-plastichni-operacii-zoshto-dzvezdite-izgledaat-podobro-od-koga-bilo-i-po-60-tata-godina-08.JPG

Кај жените, се забележува разлика и во облеката што ја носат – додека денес актерките носат поразголена облека, ѕвездите како Елизабет Тејлор и Кетрин Хепберн носеа строго пошироки парчиња кои целосно ги покриваат, и тоа уште пред да наполнат 50 години.

ne-se-samo-plastichni-operacii-zoshto-dzvezdite-izgledaat-podobro-od-koga-bilo-i-po-60-tata-godina-09.JPG

На оваа драстична разлика секако дека се должат бројните процедури за подмладување што се достапни денес.

Но, и самите пластични хирурзи истакнуваат дека огромно влијание има животниот стил.

„Како општество, денес сме посвесни за нашето здравје и се фокусираме на тоа да ги внесеме сите потребни хранливи материи преку исхрана и суплементи“, вели пластичен хирург за Daily Mail.

ne-se-samo-plastichni-operacii-zoshto-dzvezdite-izgledaat-podobro-od-koga-bilo-i-po-60-tata-godina-10.JPGМариса Томеи има 60 години

Тој открива и дека кај познатите, многу е популарна процедурата со инфузија позната како NDA+ која содржи коензим што се наоѓа во сите живи клетки.

Со други зборови, инфузијата е како скап додаток во исхраната бидејќи еден третман чини околу 750 долари.

Кај славните е популарна бидејќи наводно го забавува стареењето, но и ја подобрува функцијата на мозокот.

ne-se-samo-plastichni-operacii-zoshto-dzvezdite-izgledaat-podobro-od-koga-bilo-i-po-60-tata-godina-12.JPGЕди Марфи има 63 години

Овде е и физичката активност, а добро познат факт е дека повеќето славни личности имаат и лични тренери.

Исто така, денес и за нас „обичните“ луѓе има многу поефикасни продукти за нега на кожа, а славните можат да си дозволат многу поскапи и поквалитетни кремови, серуми и што уште не.

Значително е напредната и пластичната хирургија, а постојат и други процедури кои се лесно достапни.

„Денес има многу повеќе процедури кои им се особено достапни на славните.

Полесно им е да стават ботокс или филери, а ова се прави за краток период и речиси и да нема време за заздравување како од операција.

Славните имаат и пристап до врвни продукти за нега на кожа, консултација со дерматолози, професионални мејкап артисти, како и нутриционисти, па и лични готвачи кои готват за нив.

Има многу елементи зошто славните изгледаат многу помладо од претходните генерации“, додава пластичниот хирург.

ne-se-samo-plastichni-operacii-zoshto-dzvezdite-izgledaat-podobro-od-koga-bilo-i-po-60-tata-godina-11.JPGСандра Булок има 60 години

Тој истакнува и дека денес стандардите за убавина се многу построги, па славните, особено жените, се под притисок да ги следат и сакат да изгледаат „совршено“.

„Отсекогаш имало фокус на изгледот и убавината на жените, но стандардите за убавина постојано се менуваат.

Она што се сметало за убаво минатиот век, денес го гледаме сосема поразлично“.

ne-se-samo-plastichni-operacii-zoshto-dzvezdite-izgledaat-podobro-od-koga-bilo-i-po-60-tata-godina-13.JPGБред Пит има 61 година

Сепак, хирургот истакнува дека иако жените денес изгледаат помладо и повитално за разлика од претходно, желбата за совршенство може да се одрази негативно, особено кај оние кои не можат да потрошат цело богатство на тренери, готвачи, нутриционисти, процедури…

„Како што се менува културата, се менува и нашата перцепција за убавината.

Кога социјалните мрежи се интегрирани во нашето општество, лесно е да паднеме под влијание на другите.

Оваа фасцинација и желба за ’совршен‘ изглед присилува многу да бидат покритички настроени за нивниот изглед и сакаат да прават и процедури за да ги постигнат стандардите за убавина.

Обидот да изгледате ’совршено‘ може да ви ја наруши сликата што ја имате за себе, како и самодовербата“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 славни мајки и ќерки кои се вистинска копија една на друга Каја Гербер е вистинска копија на својата славна мајка Синди Крафорд, а Рис Вите...
Една од најубавите жени на светот на настан со ексцентричниот син - Тој повторно е во чудно модно из... 22-годишниот син на Елизабет Харли е копија на неа. Демијан привлекува внимание ...
Познати личности од раните 2000-ти кои заборавивме дека постојат Се сеќавате на Тејлор Лотнер кој го глумеше Џејкоб во серијалот Twilight? Се ...
Фото-споредби што ќе ве изненадат: Како изгледаат познатите мажи во профил? Бредли Купер, Бред Пит, Николас Кејџ – како изгледаат познатите мажи во профил? ...
Славни личности кои ја пронашле сродната душа по 40-тата година Многумина би рекле дека Холивуд е познат по раскинувања и кратки бракови, но ови...
Долф Лундгрен, познат по улогата во Rocky, го победи ракот на белите дробови по 9 години: „Бев сигур... На актерот Долф Лундгрен му рекле дека има 2, најмногу 3 години живот поради рак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg