Славни личности кои признаа дека се алкохоличари (и успешно се ослободија од порокот)
- Детали
- сабота, 18 јануари 2025
Том Харди и Бела Хадид се дел од славните личности кои имаа проблем со алкохолизам, но успеаја да го надминат и денес отворено зборуваат за своите битки.
Проблемот со алкохолизам е не така ретка појава, а и голем дел од славните личности се соочиле со него.
Додека некои уште се борат со порокот, постојат и оние кои успеале да си го променат животот.
Истовремено, отворено зборуваат за нивната битка со цел да им помогнат и на другите.
Славни личности кои се ослободија од алкохолизмот:
Том Харди
Актерот имал проблем со алкохолизмот во 20-тите години од животот, а се ослободил од порокот во 2003-та во центар за рехабилитација.
Вели дека проблемот со алкохол бил толку сериозен, што смета дека имал среќа бидејќи не завршил во затвор.
„Кога ќе испиев многу, се претворав во кошмар. Бев способен да уништам сè во мојот живот“.
Даниел Редклиф
Ѕвездата од серијалот Хари Потер вели дека по долга битка со алкохолизмот, сега не ни помислува на алкохол.
Славата од рана возраст не била најлесна, па во раните 20-ти тој имаше проблеми со алкохолизам.
„За мене, единствениот начин да заборавам дека сите очи се вперени во мене беше да се опијам.
Но, кога ќе ме забележаа пијан, провлекував уште повеќе внимание. Па, си мислев дека можеби треба да пијам уште повеќе за да го заборавам и тоа“.
Откако успешно се откажа од алкохолот, актерот вели дека се чувствува многу подобро и сега вниманието од јавноста и не му пречи толку многу.
Кара Делевињ
Познатата манекенка и актерка имаше сериозен проблем и со алкохол, и со дрога.
А, вели дека сфатила колку ѝ е лоша ситуацијата откако во јавност се појавија папарацо фотки на кои едвај стои на нозе.
Таа го надмина проблемот во центар за рехабилитација.
„Сакам да им кажам на сите зависници дека не се сами. Ако јас можам да ги оставам дрогата и алкохолот, можете и вие.
Треба да зборувате за вашиот проблем и да бидете искрени, најмногу со себе.
Сфатив дека престојот во центарот за рехабилитација е најдоброто нешто што сум го направила и не се срамам од тоа“.
Семјуел Л. Џексон
Славниот актер не користи алкохол и дрога од 1991 година, откако сопругата и неговата 8-годишна ќерка го нашле без свест на подот.
Дотогаш, тој 20 години имал проблеми со зависност.
Тој честопати зборува за битката со пороците, а вели дека откако престанал да пие и да користи дрога, станал подобар актер.
„Мојот успех се должи на фактот што си го средив животот“.