Ќерката на Мајкл Џексон со признание: „Јас сум Парис Џексон, зависничка сум од хероин и алкохол - чиста сум 5 години“
- Детали
- петок, 10 јануари 2025
Убавата Парис Џексон преку сурово искрени кадри прикажува каков ѝ бил животот некогаш, заробена во зависностите, а каков и е денес, 5 години откако е чиста и трезна.
Парис Џексон (26), ќерката на Мајкл Џексон, покрај со својата убавина, музика и на моменти потези од типот на промовирање на шетање со неизбричени пазуви кај жените, сега вниманието го привлече со едно скандалозно видео во кое за првпат проговори дека била зависничка од алкохол и хероин.
Прочитајте и Им ги криеше лицата, ги „штитеше“ од светот: Каков татко беше Мајкл Џексон + нови фотки од неговите деца
Таа преку сурово искрени кадри прикажува каков ѝ бил животот некогаш, а каков и е денес, 5 години откако е чиста и трезна.
Парис испраќа моќна порака раскажувајќи како го пропуштала животот со сите негови убави моменти, додека била заробена во зависностите.
Нејзината објава гласи:
„Здраво, јас сум Парис Џексон, јас сум алкохоличарка и зависничка од хероин.
Денес, се одбележуваат 5 години како сум чиста и трезна од сета дрога и алкохол. Да кажам дека сум благодарна е малку.
Поради тоа што сум трезна успевам да се насмевнам, да правам музика, да ја искусам радоста на сакањето на моите кучиња и мачка. Можам дури да доживеам и скршено срце и тоа е прекрасно.
Можам да тагувам, да се смеам, да танцувам, да верувам.
Го чувствувам сонцето на мојата кожа и топло ми е на срцето. Сфатив дека животот продолжува да се случува, без разлика дали сум трезна или не.
Еве мал приказ на сè што беше возможно поради мојата трезност и што не ми се верува дека за малку ќе го пропуштев.
Благодарам“.
Таа на крајот од видеото порача:
„До тие што ми помогнаа на ова патување, без разлика дали само на почетокот или во текот на целиот процес, знаете кои сте, ви го должам животот и ви благодарам“.
Скандалозното видео од нејзината пред и потоа трансформација, погледнете го ТУКА .
С. С. | Црнобело