Детали за врската на Обри Плаза и режисерот кој изврши самоубиство: Се венчаа во тајност, по пижами
Актерката била таа која предложила да се венчаат, а режисерот веднаш се согласил.
Направиле мала церемонија во дворот на нивната куќа, а носеле пижами.
„Сопругот нарача храна од ресторан и за малку ќе ја испуштеше венчавката бидејќи чекаше многу долго во ресторанот.
Јас направив мал олтар во нашиот двор со камчиња, логорски оган…
Свештеникот што нè венча дојде облечен во хавајска кошула“, раскажа Обри.
Бидејќи актерката има изјавено дека е бисексуалец, по венчавката откри дека сопругот Џеф добил смртни закани од луѓе од ЛГБТ заедницата.
Тогаш таа истакна дека не ѝ е јасно зошто на некому му пречи ако жена со нејзина сексуална ориентација стапи во брак со маж.
Пред околу две години, Обри откри дека размислувале да имаат и дете кратко по венчавката.
Сепак, поради целата ситуација со пандемијата, сфатиле дека е подобро да почекаат.
Генерално, и Обри и Џеф не откриваа многу детали за нивната врска бидејќи важат за повлечени личности.
Поради ова, Обри веројатно и нема лично да открие што било за трагичната смрт на сопругот.
Спирова С. | Црнобело