Детали за трагичната смрт на пејачката Селена: Другарка ѝ ја уби на 23 години, сега сака да биде ослободена
Но, Јоланда ја злоупотребила довербата на Селена – трошела пари од фирмата за да изнајмува луксузни автомобили и да јаде во скапи ресторани.
Притоа, вработените во продавницата и салонот се жалеле дека Јоланда се однесувала ужасно кон нив и дека отпуштала луѓе само затоа што не ѝ се допаѓале.
Ѝ кажувале дека е дволична и дека се преправа дека е добра личност само пред Селена.
Бидејќи пејачката не им верувала, тие почнале да се жалат кај татко ѝ. Некои оделе дотаму што тврделе дека Јоланда е и опасна личност.
Додека Селена била наивна, татко ѝ почнал да се сомнева.
Покрај поплаките од вработените, тој добивал и писма од фанови кои тврделе дека платиле во клубот на обожаватели, но не добиле сувенири, како мачки, како што им било ветено.
Истовремено, се зголемувале и трошоците за продавницата и бутикот, а Јоланда немала како да ги оправда.
Татко ѝ на Селена почнал да истражува и открил дека Јоланда украла над 60.000 долари и од бизнисите на ќерка му, и од обожавателите кои давале пари во клубот.
Откако ја испрашал Јоланда и таа одбивала да му даде објаснување, ѝ забранил да ја контактира Селена.
Но, на Селена ѝ било тешко да се раздели од пријателката, па дури и се двоумела дали да ја избрка од работа.
Сепак, и Селена се соочила со Јоланда и имале неколку караници за украдените пари и другите проневери кои биле откриени меѓувреме.
Според таткото на Селена, Јоланда пробала да ја убие ќерка му вкупно четири пати, почнувајќи од март 1995 година.
И, успеала во намерата уште пред крајот на месецот.
На 31-ви март, додека размислувала како да ја отпушти, Селена отишла да се види со Јоланда во мотел.
Јоланда ѝ рекла дека била силувана, па Селена веднаш ја однела во болница.
Кога се вратиле во мотелот, Селена и Јоланда почнале да се расправаат и пејачката ѝ рекла дека повеќе не може да ѝ верува.
Но, караницата ескалирала и Јоланда извадила пиштол. Селена пробала да избега, но Јоланда ја застрелала.
Пејачката успеала да истрча од собата и да побара помош, а според вработените, Јоланда само смирено тргнала по неа.
Бидејќи почнала да губи многу крв, Селена се онесвестила. Брзата помош пристигнала за помалку од две минути, но веќе било предоцна.
По убиството, Јоланда пробала да избега, но била фатена неколку часа подоцна.
Ѝ била изречена доживотна казна затвор без можност за условно ослободување во период од 30 години.
Во 2025-та навршуваат тие 30 години и сега Јоланда доставила барање да биде пуштена во мај следната година.
Не е познато дали барањето ќе ѝ биде одобрено, но многумина истакнуваат дека Јоланда има „мета на грбот“.
Односно, многу луѓе со латинско потекло сакаат да се одмаздат за смртта на Селена.
Спирова С. | Црнобело