Беше со џуџест раст, почина на 20 години: Краткиот, но исполнет живот на актерот од „How the Grinch Stole Christmas“
Првиот ангажман што го добил бил во реклама, а потоа добил и улога во ситком серија.
Генерално добивал улоги каде што глумел мали деца, дури и откако станал тинејџер.
Иако бил мошне активен, светска слава стекна со улогата на Гринч.
Тој глумеше 8-годишна верзија на ликот, иако самиот имаше 17 години.
Според режисерот, првично станувало збор за мошне мала улога.
Сепак, кога го здогледал Џошуа, одлучил да му даде повеќе време во филмот бидејќи „ѝ дава душа на приказната“.
По ова, доби улога во американска сапуница што беше популарна во САД.
А, во периодот кога се емитуваше сапуницата, Џошуа имаше изјавено:
„Си го сакам животот. Глумењето не е само моја професија, туку моја страст.
Не можам да си замислам да правам нешто друго“.
За него е познато и дека со задоволство им давал автограми на фановите и секогаш ги советувал:
„Сонувајте големо! Не е важно колкав е сонувачот, важно е колку е голем сонот“.
За жал, во 2002-ра, на само 20-годишна возраст, Џошуа почина.
Неговата смрт била ненадејна, за време на операција на срцето.
Морничаво во целата ситуација е што на денот на неговата смрт, се емитувала епизода од сапуницата во која неговиот лик исто така умира.
Спирова С. | Црнобело