Обидот за камбек на Џим Кери засенет од самоубиството на свршеницата пред 9 години: „Тој е виновен за нејзината смрт“
Сепак, одлуката да му се врати на јавниот живот ја разгневила мајката на Катриона.
„Слушнав дека му требале пари, но не ме интересира. Воопшто не ми е гајле.
Немам зборувано со него и не ни сакам. Од смртта на Катриона, за мене почнаа најлошите години“.
По смртта на Катриона, актерот беше и тужен.
Додека беше во врска со Џим Кери, Катриона беше во брак, но со сопругот беа разделени.
Сепак, на крај тој поднесе тужба против актерот, заедно со мајката на Катриона.
Тие сакаа да докажат дека Џим Кери е одговорен за смртта на Катриона бидејќи тој ѝ ги дал лековите, но и наводно не ѝ кажал какви лекови ѝ дава.
Во меѓувреме, во јавност почнаа да се појавуваат фотографии од парот, но и пораки пишувани од Катриона кои донекаде покажуваа дека таа била мизерна покрај актерот.
„Направи убави работи за мене, но тоа што сум со тебе ме уништи како личност, Џим.
Ми го вети Џекил, а го добив Хајд. Бидејќи те сакам ќе го трпев Хајд, но ти ме отфрли откако ми зеде сè што е вредно…
Пред тебе, можеби немав многу, но имав почит и бев среќна. Го сакав животот, бев самоуверена и се чувствував добро во своја кожа.
Бев горда на повеќето одлуки што ги правев, но те сретнав тебе и ти ме запозна со кокаин, проститутки, ментално малтретирање“.
Пораките што се појавија во јавност се од период кога Џим и Катриона беа разделени. Но, потоа, во 2015-та ѝ дадоа втора шанса на врската, па ѝ се свршија.
Низ годините, Катриона имала депресивни епизоди, а напишала и неколку пораки кои навестуваат дека сакала да изврши самоубиство.
Во последната порака, која била пронајдена покрај нејзиното тело, таа му се обраќа на Џим Кери.
Таа зборува за нивната врска и вели дека мислела дека сè ќе биде во ред помеѓу нив двајца, но не било.
„Те сакам, те молам прости ми, јас не сум за овој свет“, напишала на крајот од пораката.
Подоцна се дозна дека таа зела лекови што ги пиела самата и ги измешала со лекови кои му биле препишани на Џим Кери, без негово знаење.
Сепак, мајка ѝ на Катриона останува на ставот дека актерот е главната причина за смртта на ќерка ѝ.
Таа се надевала и дека неговото мрачно минато ќе му ги засени обидите да ѝ се врати на филмската индустрија.
Прочитајте и: Трагичната љубовна приказна на комичарот Џим Кери која заврши со самоубиство
Спирова С. | Црнобело