Обидот за камбек на Џим Кери засенет од самоубиството на свршеницата пред 9 години: „Тој е виновен за нејзината смрт“
- Детали
- понеделник, 16 декември 2024
Додека Џим Кери пробува да се врати во филмската индустрија бидејќи му требале пари, мајката на неговата свршеница која изврши самоубиство се огласи, потсетувајќи ја јавноста за неговото негативно влијание врз ќерка ѝ.
Во 2022 година, откако заврши со снимањето на Sonic the Hedgehog 2, Џим Кери изјави дека ќе се пензионира.
Во интервју за Access Hollywood, актерот истакна дека ќе се врати на филмското платно само ако му биде понуден особено значаен проект.
„Ако ангелите ми донесат сценарио напишано со златно мастило кое ќе биде многу важно луѓето да го изгледаат, тогаш можеби ќе се вратам.
Но, засега правам пауза“.
Сепак, пензијата на актерот не траеше долго и неполни две години оттогаш, Џим ја репризира својата улога во третото продолжение од серијалот Sonic the Hedgehog.
На прашањето зошто се одлучил да ѝ се врати на глумата, актерот кажа дека му требале пари.
„Се вратив во овој универзум бидејќи, најпрво, имам можност да глумам гениј.
Второ, си купив многу работи и искрено ми требаат пари“.
Сепак, додека фановите на актерот се радуваат за неговото големо враќање, се огласи мајката на поранешната свршеница на актерот која изврши самоубиство.
Џим Кери и мејкап артистката Катриона Вајт беа свршени, кога таа изврши самоубиство пред околу девет години.
Мајката на Катриона – Бриџит – отсекогаш го обвинувала актерот за нејзината смрт, а сега, во изјава за Daily Mail истакна дека е гневна што тој си продолжува со животот како ништо да не било.
„Немам ништо убаво да кажам за него и не сакам да му го кажам ни името.
Срцето уште ми е скршено за Катриона“, вели Бриџит.
Џим Кери и Катриона ја почнаа врската во 2012-та, кога таа имаше 27, а Џим дури 50 години.
Катриона почина во 2015-та, од предозирање со лекови.
По трагедијата, семејството на Катриона го обвинуваше актерот дека ја малтретирал, но и дека тој ја навлекол на дрога и лекови.
Актерот, пак, почна да се држи понастрана од јавност, се појавуваше во малку филмови, за пред две години да најави дека се пензионира.