Не се веќе бебиња – Како изгледаат пораснатите ќерки на Бекамови, Кардашијан и други славни семејства?
- Детали
- понеделник, 09 декември 2024
Првороденчето на Бијонсе и Џеј Зи од мини модна кралица порасна во непрепознатлива убавица со вечерни фустани, разгалената ќерка на Ким и Канје, од бунди и штикли имиџот го смени за дуксери и широка облека - колку се променија ќерките на познатите семејства кои пораснаа пред очите на јавноста?
Најмала во семејството Бекам и единствено девојче помеѓу нејзините тројца браќа, Харпер е миленичка на мама Викторија и тато Дејвид и уште од најмала возраст ја носат на модни шоуа и настани, а денес е вистинска тинејџерска убавица.
Првороденчето на Бијонсе и Џеј Зи пак, Блу Ајви, е едно од славните деца кои живеат на висока нога уште од најмала возраст и речиси порасна целосно пред очите на јавноста како мини ѕвезда.
Помеѓу најразгалените деца на славните е и првата ќерка на Ким и Канје, Норт Вест, која уште од детството можеше да се забележи во скап накит и бунди, а денес е модна инспирација за тинејџерки кои сакаат да носат широка облека.
Голем дел од нив уште ги доживуваме како мали дечиња, но реалноста е дека тие пораснаа во тинејџерки и возрасни дами кои се непрепознатливи.
Колку се променија овие девојчиња кои важат за едни од најпознатите и пораснале пред објективите на папарацо фотографите, но и на престижните холивудски настани?
Епл Мартин (родена во 2004) – ќерката на Гвинет Палтроу и Крис Мартин
Сури Ноел (родена во 2006) – ќерката на Том Круз и Кејти Холмс
Шајло Џоли (родена во 2006) – ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит
Харпер Бекам (родена во 2011) – ќерката на Викторија и Дејвид Бекам
Блу Ајви Картер (родена во 2012) – ќерката на Бијонсе и Џеј Зи
Норт Вест (родена во 2013) – ќерката на Ким Кардашијан и Канје Вест
Бонус:
Лурдес Леон (родена во 1996) – ќерката на Мадона и Карлос Леон
Кендал (1995) и Кајли Џенер (1997) – ќерките на Крис Џенер
M. M. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





