8 познати личности кои покажале дека се херои во приватниот живот
Дени Трехо
Иако е познат по улогите на негативци, Дени Трехо многупати има докажано дека е добра личност.
А, во една пригода, спасил и бебе од сообраќајка.
Во 2019 година, тој сведочел на сообраќајка каде што еден автомобил се превртил.
Актерот забележал дека внатре има бебе, па влегол во превртениот автомобил за да го спаси.
На помош му дошла и млада жена, чиј идентитет не е познат, со која заедно го извадиле бебето од безбедносното седиште и го спасиле.
Кога подоцна го прашуваа за подвигот, актерот скромно изјави:
„Да бидам искрен, единственото нешто што му го спаси животот на тоа бебе беше безбедносното седиште“.
Мерил Стрип и Шер
Мерил Стрип и Шер се добри пријателки, а во една пригода заедно спасиле млада девојка од силување.
„Одевме по улицата и слушнавме викање. Во една уличка видовме огромен маж како ѝ ја кине облеката на млада девојка.
Мерил почна да вика, и јас почнав да викам и истрчаме кон мажот. Тој се сврти, се стрча кон нас, но сфативме дека бега.
Отидовме до девојката и пробавме да ѝ помогнеме со облеката, а таа нè погледна и само ни рече ’Боже, ме спасија Мерил Стрип и Шер!‘“, раскажа Шер во шоуто на Џејмс Корден.
Бенедикт Камбербач
Актерот спасил велосипедист од ограбувачи со помош на таксист.
Таксистот ги возел актерот и неговата сопруга, кога налетале на велосипедист кој бил нападнат од четворица мажи.
Таксистот вели дека Бенедикт му наредил да го запре автомобилот и веднаш излегол од него за да му помогне на велосипедистот.
„Јас го фатив едниот, а Бенедикт другиот. Беше многу храбар. Пробаа да го удрат, но тој се одбрани…
Ако не помогнеше, велосипедистот сигурно ќе беше повреден.
На крај Бенедикт го праша како е и кога тој му рече дека е добар, го прегрна“.
Подоцна, за The Sun, актерот само изјави дека не можел, а да не помогне.
Џон Красински
Актерот, кој беше прогласен за најсекси маж од страна на People, спасил девојка од давење додека бил на одмор кратко откако завршил средно.
„Додека пливав, до мене имаше дечко и девојка. Нурнав и кога по неколку секунди излегов на површината, го слушнав дечкото како вика.
Кога се свртев, видов дека водна струја ја одвлекла девојката. За неколку секунди беше оддалечена 100 метри“, откри актерот.
За среќа, мајка му била спасувач на плажа, па актерот бил добар пливач и успеал да ја спаси девојката.
„Тој настан ми го промени животот. Мислам дека ме натера да пораснам“.
Спирова С. | Црнобело