Еден потег со кој актерот Педро Паскал си ја смирува анксиозноста
- Детали
- недела, 24 ноември 2024
Тој многу често позира со дланката на срце или стомак... Зошто го прави ова и како тоа го смирува?
Aктерот Педро Паскал (49) отворено зборува за својот проблем со анксиозноста, а во една пригода откри дека има и своја техника за справување со социјалната анксиозност.
Неговата суптилна техника за справување со анксиозноста е ставање на својата дланка на срцето или на стомакот за време на миговите кога го преплавува анксиозност.
Тој отворено говори дека на холивудските настани често се случува анксиозно, па не е ни чудно што многупати на црвениот тепих позира со раката на срце.
Од Оскари до Мет Гала, во ваква поза сме го виделе повеќепати.
Но, зошто раката ставена на срце е толку утешителна?
Затоа што со овој потег имате намера да ја признаeте својата ранливост, додека истовремено си давате поддршка самите на себе.
На овој начин вие не гледате на анксиозноста како на непријател, кој треба да се победи, и самите на себе си давате физичка манифестација на поддршка.
На овој начин влијаете на намалување на хормонот кортизол – хормон кој се зголемува кога се чувствуваме анксиозни.
Токму како што нечија прегратка може да ви помогне да се чувствувате подобро, така можат и сочувствителните гестови кон себеси.
Неколку трикови од психолозите за справување со анксиозноста:
- Носете предмет со себе и кога ќе се почувствувате анксиозно, земете го и играјте со него. Концентрирањето на физичките својства на предметот помага да си го одвлечете вниманието на нешто други и да си ја намалите анксиозноста.
- Свесно дишете, односно фокусирајте се на протокот на воздухот. Поттикнува смирувачка реакција на вашето тело.
- Дадете си самите себе сочувствителен допир, како Педро Паскал, без разлика дали тоа е ставање на раката на срцето или на стомакот и длабоко земајте воздух.
С. С. | Црнобело