Го боли да зборува за бившата, на Оскарите ја однесе мајката болна од рак - Факти за новиот Гладијатор, Пол Мескал
- Детали
- недела, 17 ноември 2024
Мајка му била полицаец, а татко му наставник, но тој и неговиот брат и сестра се уметници. Пол Мескал се прослави со улога во хит-серија, а сега ја доби честа да го замени Расел Кроу во второто продолжение на филмот Gladiator. Што знаеме за младиот ирски актер?
Оваа година ќе остане запаметена и по второто продолжение на филмот Gladiator каде главната улога наместо на Расел Кроу, му припадна на младиот и талентиран ирски актер Пол Мескал (28).
Актерот минатата година беше номиниран за Оскар за главна машка улога во филмот Aftersun, но златната статуетка му припадна на неговиот повозрасен колега, Брендон Фрејзер кој направи вистински камбек во Холивуд.
Сепак, Пол Мескал е млад и талентиран актер за кого најверојатно допрва ќе се слуша, а според првичните реакции за филмот Gladiator II се верува дека тој ќе го постигне истиот успех, што го постигна и Расел Кроу во првиот дел од филмот.
Што знаеме за младиот ирски актер и како тој успеал да се прослави?
Пол Мескал е роден во 1996-та година во Ирска. Мајка му работела како полицаец, а татко му бил одделенски наставник.
Тој е најстар од трите деца. Освен него, и брат му се занимава со глума, а сестра му е музичар.
Пол во театарот се вљубил на 16 години кога учествувал во училишна претстава.
Во истиот период Пол тренирал галски фудбал, спорт кој наликува на рагби. Но, морал да се откаже од спортската кариера затоа што имал повреда на вилицата и стравувал дека таа може да му ја уништи актерската кариера.
Тој се образовал на Академијата Лир во Даблин, каде дипломирал во 2017-та година, а првата улога што ја добил била за реклама за колбаси.
Во 2020-та година, Пол се прославил со улогата во серијата Normal People, која е екранизација на истоимената книга на Сали Руни.
Оваа улога му донесе номинација за наградата Еми, а потоа следуваа повеќе улоги кои само му го поплочија патот до славата.