Колегите од „Пријатели“ загрижени за Мет Лебланк: „Изгледа запуштено и се изолира, не може да го преболи Метју Пери“

Колегите од серијата „Пријатели“ почнале сериозно да се загрижуваат за Мет Лебланк кој по смртта на Метју, почнал да ги избегнува, да се изолира, но и да си го запоставува изгледот и здравјето.

kolegite-od-prijateli-zagrizheni-za-met-leblank-izgleda-zapushteno-i-se-izolira-ne-mozhe-da-go-preboli-metju-peri-01.jpg

Помина точно една година од трагичната смрт на актерот Метју Пери, но сега ѕвездите од „Пријатели“ се загрижени за друг колега од серијата – Мет Лебланк.

Актерот речиси и да не се појавува во јавност, а извори откриваат дека избегнувал контакт и со колегите од серијата.

Изминатиов месец, Мет Лебланк беше забележан во јавност неколкупати, а на сите папарацо фотки делува уморно.

kolegite-od-prijateli-zagrizheni-za-met-leblank-izgleda-zapushteno-i-se-izolira-ne-mozhe-da-go-preboli-metju-peri-10.JPG

Последно, тој беше фотографиран во вторникот (29.10), еден ден по годишнината од смртта на Метју Пери.

Актерот беше во лежерно издание, со бејзбол капче, а како што излезе од автомобилот запали цигара и изгледаше загрижено.

kolegite-od-prijateli-zagrizheni-za-met-leblank-izgleda-zapushteno-i-se-izolira-ne-mozhe-da-go-preboli-metju-peri-11.JPG

kolegite-od-prijateli-zagrizheni-za-met-leblank-izgleda-zapushteno-i-se-izolira-ne-mozhe-da-go-preboli-metju-peri-09.JPG

Мет беше забележан и кон крајот на септември, повторно со истиот израз на лицето.

Според изворите, колегите од „Пријатели“ сметаат дека тешко се справува со смртта на Метју кој му беше добар пријател и по завршувањето на серијата.

„Никој не го осудува или обвинува Мет за неговиот начин на живот.

Нo, она што ја загрижува Џен (Анистон) и другите колеги од серијата е тоа што деновиве толку многу се изолира, што се слушаат со него едвај еднаш месечно“, вели изворот за In Touch Weekly.

kolegite-od-prijateli-zagrizheni-za-met-leblank-izgleda-zapushteno-i-se-izolira-ne-mozhe-da-go-preboli-metju-peri-08.JPG

„Понекогаш е во контакт со нив, но главно се изолира и не покажува никаков интерес за социјализација.

И, сите се тажни што го гледаат во таква состојба. Беше весела и среќна личност, но сега како да не сака да биде во нивно друштво.

Очигледно, страда и неговата самодоверба, а очигледно е и дека ја запоставува грижата за себе.

Џенифер, Кортни, Лиса и Дејвид сакаат да му помогнат и да го натераат повторно да се смее. Трагедијата со Метју ги натера да сфатат дека животот е краток и скапоцен“, додава изворот.

kolegite-od-prijateli-zagrizheni-za-met-leblank-izgleda-zapushteno-i-se-izolira-ne-mozhe-da-go-preboli-metju-peri-03.JPG

Друг извор вели дека Џенифер Анистон и Кортни Кокс почнале и да одат во домот на Мет, само за да не биде сам и да можат да внимаваат на него.

„Џенифер има и преспиено кај него неколкупати.

Со Кортни постојано контактираат за да се осигурат дека барем една од нив ќе внимава на Мет“.

kolegite-od-prijateli-zagrizheni-za-met-leblank-izgleda-zapushteno-i-se-izolira-ne-mozhe-da-go-preboli-metju-peri-04.JPG

Инаку, Мет Лебланк беше првиот од колегите од серијата што се огласи за смртта на Метју.

Тој и актерот беа соседи пред неговата смрт и често се дружеа.

Друг детаљ што ги загрижува колегите е тоа што Мет веќе извесен период нема работни ангажмани.

Неговиот последен проект беше обединувањето на ѕвездите од „Пријатели“ од 2021 година.

kolegite-od-prijateli-zagrizheni-za-met-leblank-izgleda-zapushteno-i-se-izolira-ne-mozhe-da-go-preboli-metju-peri-05.JPG

Иако Мет има богатство од над 80 милиони долари, колегите сметаат дека ако не работи, премногу ќе се фокусира на тагата и тоа целосно ќе го обземе.

Актерот претходно има изјавено дека е интровертна личност.

„Луѓето постојано ме прашуваат дали сум во ред бидејќи сум поповлечен од ликот што го глумам во Пријатели. Мислат дека сум депресивен или тажен…“

kolegite-od-prijateli-zagrizheni-za-met-leblank-izgleda-zapushteno-i-se-izolira-ne-mozhe-da-go-preboli-metju-peri-06.JPG

Моментално Мет Лебланк не е во врска, но има ќерка која има проблеми со здравјето, па веројатно минува и многу време со неа.

Прочитајте повеќе: Ретко мозочно нарушување, разведени родители – тажната приказна на ќерката на Џои од „Пријатели“

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Славни личности кои беа неразделни пријатели, но денес не зборуваат Том Круз и Џејми Фокс беа добри пријатели, сè додека Кејти Холмс не застана меѓу...
Каде се денес актерите од серијата „The Sopranos“ - Тони Сопрано почина, ќерка му боледува од мултип... Американската серија The Sopranos првпат почна да се прикажува на 10 јануари 199...
6 години ја кријат љубовта – Ретко појавување на Џенифер Гарнер со дечкото „Бен, дали ти недостасува Џенифер Гарнер сега?“ – прашуваат твитерџиите откако с...
Двапати банкротирал, има трауми од повредата на половиот орган – Ал Пачино откри досега непознати де... Благодарение на мајка му успеал да ја избегне судбината на неговите најблиски др...
Класика и гламур: 16 парови кои издоминираа на Мет гала 2024 (фото) Познатиот режисер Таикa Ваитити се држеше во сенка на славната сопруга Рита Ора,...
Кортни Кардашијан по неуспешните ин-витра и бизарните методи со пиење семена течност: „Само со молит... „Престанав по 1 година обидување (5 неуспешни ин-витра, 3 процедури за вадење ја...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg