Ретко мозочно нарушување, разведени родители – тажната приказна на ќерката на Џои од „Пријатели“

Сите го знаеме како „женкарот“ Џои од „Пријатели“ и како единствениот што не се ожени на крајот на легендарната серија. Но, оние што ја следат кариерата на актерите од серијата, знаат дека Мет Лебланк води сосема поинаков приватен живот и, пред сè, тој е посветен татко.

Tragichnata-prikazna-na-kjerkata-na-Joi-od-Prijateli-se-rodi-so-retko-narushuvanje-na-mozokot-no-uspea-da-ja-nadmine-bolesta-01.jpg

Мет и Марина Перл Лебланк се пример за холивудски татко и ќерка кои успеваат да останат мошне поврзани и да ја сочуваат сопствената приватност. Но, и кај нив не било сè така совршено, барем на почетокот. Марина Перл беше родена со ретко мозочно нарушување, познато како кортикална дисплазија.

met-marina.jpg

Верувале или не, поминаа веќе 17 години од последната епизода на „Пријатели“, а малкумина знаат дека три месеци пред големото финале на серијалот, Мет Лебланк стана татко на девојчето Марина Перл, заедно со сега веќе поранешната сопруга Мелиса Мекнајт.

Мет и Мелиса се запознаа во 1997-ма, а по една година актерот ја изненади својата девојка со ненадеен предлог за брак. Тие се венчаа на 3-ти мај 2003 година, а тогаш сите биле воодушевени од нивната љубов.

met-melisa.jpg

Сепак, бракот не траеше предолго, па во 2006 година, кога Марина имаше две години, двојката одлучи да се разведе. Ова се случи околу пет месеци откако актерот јавно им се извини на Мелиса и ќерката Марина за недоличното однесување во стриптиз клуб. Разводот се одвиваше спогодбено, а беше договорено заедничко старателство над ќерката.

Melissa-McKnight1-1.jpg

Марина Перл Лебланк е родена на 8-ми февруари 2004 година. Неколку месеци по раѓањето било откриено дека Марина има ретко нарушување познато како кортикална дисплазија. Станува збор за ретка состојба на мозокот што се карактеризира со низа вродени мани во мозочната кора и се поврзува со епилепсија што е отпорна на лекување. Поради ова, Марина често добивала напади.

Мет има изјавено дека забележал дека има проблем со ќерка му кога таа почнала постојано да се превртува на левата страна додека лазела. На 11 месеци, лекарите предвиделе дека болеста има влијание и врз гласните жици на Марина, па се очекувало таа да има и проблеми со говорот. Но, уште пред неколку години, Мет пресреќен изјави дека болеста е надмината.

met-marina-3.jpg

Како и да е, сега, 17 години подоцна, Марина ја надмина болеста и го живее животот на здрава тинејџерка без никакви медицински ограничувања.

Во еден наврат Мет, говорејќи за својата ќерка, не штедеше зборови за да ја опише љубовта што ја чувствува за неа.

„Се сеќавам кога ќерка ми Марина се роди. Секундата кога ја видов се вљубив и никогаш не сум се чувствувал така претходно. Не можев да верувам. Од тој миг знаев дека ништо нема да ме спречи да ја сакам – дури и ако ми го уништи моето Ферари“, рече тој.

Инаку, многу малку се знае за личниот живот на Марина. Тато Мет секогаш се заложувал за приватност, особено додека Марина беше помала, па воопшто не е чудно што таа не сака да биде во центарот на јавноста. Доказ за тоа е и тоа што нејзиниот Инстаграм профил е приватен.

Но, сите знаат дека Марина сè уште е најголемата љубов на нејзниот татко. Иако веќе е тинејџерка, тоа не значи дека таа не поминува време со татко ѝ.

„Поминатото време со неа е најдоброто нешто што сум го направил. Многу сме поврзани и тоа најдоброто нешто во мојот живот“, сподели Мет.

Инаку, по разводот со мајката на Марина Перл, Мет беше во врска со колешката од неговиот соло серијал „Џои“, Андреа Андерс. Со неа раскина по девет години, во 2015 година, а по ова Лебланк се сретна со Аурора Мулиган, ирски филмски и тв продуцент, со која сè уште е во врска.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
„Мислам дека не ја сакав кога се роди“ - Бредли Купер искрен за ќерка му Леа „Бев фасциниран од ќерка ми, сакав да се грижам за неа, но не ги разбирав другит...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg