Славни личности кои трагично го изгубија животот пред 30-тиот роденден
Хит Леџер – 28 години
Смртта на еден од најпочитуваните актери беше огромен шок за фановите, најмногу бидејќи се случи во период кога неговата кариера се движеше во нагорна линија.
Актерот беше пронајден мртов во јануари 2008 година, а во неговиот организам биле најдени многу лекови, главно седативи.
До денес се дебатира дали актерот случајно се предозирал или станува збор за самоубиство.
Неколку години по смртта, сестра му откри дека ноќта пред да почине, го молела да не меша лекови со апчиња за спиење, но тој само ѝ рекол да не се грижи бидејќи знае што прави.
Алија – 22 години
Алија беше можеби најголемата музичка ѕвезда кога трагично го изгуби животот.
Иако имаше само 22 години, таа имаше издадено три музички албуми и се имаше појавено во неколку филмови.
На 25-ти август 2001 година, пејачката загина во авионска несреќа на Бахамите.
Според информациите, имало проблеми уште пред полетувањето, а авионот се срушил кратко откако полетал.
Алија загинала на местото на несреќата.
Тупак – 25 години
Кога ќе се земе предвид неговото влијание во музичката индустрија, тешко е да се поверува дека животот на Тупак траел само кратки 25 години.
Раперот изгради музичка империја и направи револуција во хип-хоп музиката, пред да биде застрелан во септември 1996 година.
Тој бил застрелан четирипати и веднаш бил пренесен во болница, но на лекарите им станало јасно дека нема да преживее.
Убиството на раперот поттикна низа шпекулации и теории на заговор, а до денес не се знае кој е убиецот.
Авичи – 28 години
Познатиот диџеј се прослави преку ноќ, но стресот и притисокот што ги носи славата биле премногу за него.
Тој имаше проблеми со менталното здравје и со зависност, кои кулминираа во самоубиство.
Шведскиот диџеј беше пронајден мртов во април 2018 година, а како причина за смртта беа наведени повреди што самиот си ги нанел со скршено шише од вино.
Спирова С. | Црнобело