Славни личности кои трагично го изгубија животот пред 30-тиот роденден
- Детали
- сабота, 02 ноември 2024
Курт Кобејн имаше само 27 години кога си го одзеде животот поради проблемите со менталното здравје. Пејачот страдаше од депресија, а беше и зависен од хероин, во периодот кога го достигна врвот во музичката кариера.
Постојат многу славни личности чии животи згаснале прерано.
Некои од нив уште во 20-тите години од животот оставиле белег во забавната индустрија, но не го доживеале ни 30-тиот роденден.
Неколку ѕвезди кои ненадејно починаа пред да наполнат 30:
Курт Кобејн – 27 години
До 1994 година, Курт Кобејн стана една од најголемите музички ѕвезди со милиони фанови ширум светот.
Но, и покрај успехот, парите и славата, пејачот се соочуваше со депресија, а имаше и проблеми со зависност од хероин.
Неговите сакани многупати пробувале да му помогнат и да го натераат да оди на рехабилитација и, конечно, го убедиле.
На 1-ви април 1994-та, тој самиот отишол во центар за рехабилитација. Но, само два дена подоцна и заминал.
На 5-ти април пејачот се застрелал во главата, а неговото тело беше најдено дури два дена подоцна.
Малку е познато за неговите последни денови, но тој оставил и порака во која вели дека ќерка му Френсис би била многу посреќна без него.
Ејми Вајнхаус – 27 години
Уште еден талентиран музичар кој трагично го изгуби животот.
Откако се прослави, Ејми Вајнхаус почна да се сочува со проблеми како алкохолизам и зависност од дрога.
Иако беше и на рехабилитација, не успеа целосно да се ослободи од пороците.
Околу две недели пред смртта, Ејми сепак немала допрено алкохол.
Но, нејзиното тело веќе било ослабено и уништено од дотогашното пиење.
Па, кога повторно одлучила да пие, не издржала, и во јули 2011 почина од труење со алкохол.
Ривер Феникс – 23 години
Ривер, кој е всушност брат на актерот Хоакин Феникс, почина на само 23 години.
Пред смртта, тој беше актер на кој му се предвидуваше блескава кариера, а и во тинејџерските години водел добра грижа за себе – дури бил и веган.
Но, здравиот начин на живот го заменил со дрога, што и беше причина за неговата смрт.
Неколку дена пред да почине, тој sе забавувал со член на групата Red Hot Chilly Peppers и, според изворите, немало дрога што не ја искористиле.
На 31-ви октомври 1993, неговиот организам веќе не можел да издржи.
Ривер се предозирал и бил однесен во болница, но таму починал.