Како Викторија Бекам планира да стане кралица на Мајами и зошто купи куќа од 78 милиони долари?
- Детали
- сабота, 26 октомври 2024
„Се чини дека сака да стане кралица на Мајами и да ги искористи сите контакти што ги стекнала како газдарица на фудбалскиот клуб“ – британските медиуми појаснуваат зошто Викторија Бекам бара семејството побрзо да се пресели во САД и зошто одлучила да купи палата во Мајами.
Јасно е дека во родната Велика Британија, Викторија Бекам никогаш не може да биде кралица, колку и да сака, затоа што таа позиција е веќе зафатена.
Но, затоа во Мајами, има шанси да стане уште пославна и да се вивне на пиедесталот во светот на славните и богатите.
Британските медиуми деновиве пишуваат за новата куќа што Бекамови ја купија во Мајами, која вреди околу 78 милиони долари, а каде што познатото британско семејство планира да живее во иднина.
Куќата што Бекамови ја купија се наоѓа покрај плажа, а секако има теретана, кино сала, базен, руфтоп тераса, спа и соба за масажа, сопствено пристаниште и 13 тоалети.
Според британските медиуми, станува збор за градба која може слободно да се спореди со Бакингемската палата во Англија.
Прва сосетка на Викторија ќе ѝ биде Шакира, а се очекува семејството да се пресели во новиот дом на почетокот на следната година.
Јасно е дека на Бекамови им треба преселбата заради тоа што Дејвид е сопственик на фудбалскиот тим Inter Miami и сака да биде поблиску до работата.
Па нема да мора постојано да патува преку Атлантскиот Океан.
Дополнително, тоа што ќе купат толку скап имот само ќе покаже дека семејството е на исто рамниште со нивните сватови Пелц, односно родителите на нивната снаа, Никола Пелц.
„Иако Дејвид е тој што работи во Мајами, агентите за недвижности се уверени дека Викторија е таа што повеќе сака да се преселат. Таа сака да направи еден вид салон каде што ќе ги собере сите славни и богати личности.
Верува дека на овој начин ќе успее преку ноќ да постигне уште поголем успех со нејзините модни и козметички брендови.
Се чини дека сака да стане кралица на Мајами и да ги искористи сите контакти што ги стекнала како газдарица на фудбалскиот клуб“ – пишува Daily Mail повикувајќи се на изјави на добро упатени извори.
Наводно, Викторија во моментов маки мачи да воспостави контакт со свршеницата на Џеф Безос, Лорен Санчез, преку Ким Кардашијан, со цел да успее да ги придобие првите славни (и најбогати) дами кои ќе ѝ помогнат да ги оствари своите планови.
Дополнително, Викторија смета дека во Мајами ќе постигне многу поголем успех во кариерата како дизајнер, што не ѝ успеа во Велика Британија, иако досега имала голем број модни ревии на Модната недела во Париз.
Освен тоа, Мајами е познат по тоа што нема воведено данок на добивка, па се смета дека таму ќе им се намалат давачките и многу полесно семејството ќе успее да заработи и да го зголеми своето богатство што се проценува дека во моментов изнесува 450 милиони долари.
Прочитајте и Израснала во „хорор куќа“, Кендал Џенер ѝ го „земала“ бившиот - Факти за Никола Пелц, идната сопруга на Бруклин Бекам
Б. С. Б. | Црнобело