Двапати банкротирал, има трауми од повредата на половиот орган – Ал Пачино откри досега непознати детали
Најголемата помош дошла од неговата тогашна девојка, Дајен Китон, кон средината на 80-тите, која го запознала со вистинските луѓе за да му помогнат да управува со финансиите и да почне повторно да игра во филмови.
По неколку неуспешни филмови, тој и режисерот Френсис Копола се нашле во слична финансиска ситуација, па така одлучиле да го снимаат третото продолжение на The Godfather, кој им помогнал да се извлечат од кризата.
Во 2001-ва година актерот се преселил во Лос Анџелес за да биде поблиску до близнаците што ги доби со Беверли Д’Анџело, а во тој период признава дека трошел вистинско богатство.
„Имав сè поголем број помошници, се грижев за две куќи, за станови, канцеларија и за домаќинствата на моите деца.
Трошев по 300 – 400 илјади долари месечно, што беше крупна сума“ – вели актерот, кој освен близнаците, во тој период имал уште една 11 години повозрасна ќерка со Џан Тарант.
Но, иако имал огромни трошоци, сметката на Ал се чинело дека станува се „потешка“, по што тој почнал да се сомнева дека нешто чудно се случува со неговите финансии.
Подоцна се дознало дека сметководителот на актерот водел пирамидална шема заради што заглавил во затвор, а актерот по вторпат останал без пари.
„Имав 50 милиони долари, а потоа немав ништо. Имав имоти, но немав пари…
А парите што ги трошев и тоа што го правев беше како совршено сценарио за загуба“ – вели актерот.
Во тој период Ал имал 16 автомобили што требало да ги одржува, 23 мобилни телефони, и градинар кој заработувал по 400.000 долари годишно за одржување на градината во домот во којшто актерот воопшто и не живеел.
Актерот признава дека особено тешко му паднало тоа што во седмата деценија од животот морал да почне повторно да заработува и да прифаќа улоги, кои воопшто не му се допаѓале, но на некој начин го одржувале неговиот луксузен начин на живот.
Признава дека од улогата на Тони Монтана во Scarface сè уште заработува многу и дека би можел да живее од него, кога, би знаел да живее како нормална личност.
Инаку, Ал минатата година го доби синот Роман со Нур Алфала, а вели дека е прекрасно да се биде татко на мало бебе на 84 години. Иако, дел од медиумите пишуваа дека младата девојка го напуштила затоа што ѝ пречело тоа што актерот е скржав.
Б. С. Б. | Црнобело