Вирално видео: Никол Кидман ладно ја оттурна Салма Хајек на црвен тепих, додека се фотографираа
- Детали
- понеделник, 14 октомври 2024
„Не ме допирај!“ – наводно ѝ рекла Никол Кидман на Салма Хајек, која се обидуваше со рака да ја намести колешката да позира пред фотографите за време на модното шоу на Balenciaga. Брендот е во сопственост на сопругот на Хајек, но статусот на газдарица не ѝ помогна многу со Кидман.
На шоуто на Balenciaga во Париз, Салма Хајек и Никол Кидман беа „уловени“ во миг што светските таблоиди го оценија како јавна конфронтација.
Сопругата на газдата на Balenciaga, Салма Хајек, се фотографираше на црвениот тепих со Никол Кидман и Кети Пери.
Во следниот миг се слуша како фотографите ја молат Никол да направат уште една фотографија и Салма се обиде со рака да ја намести за да позира, но на австралиската актерка не ѝ се допадна тоа што колешката ја допира, па ладно ѝ ја оттурна раката.
На крајот на видеото се гледа како Кидман ја бакнува Кети Пери и се поздравува, а потоа размени неколку зборови со Салма.
Daily Mail, повикувајќи се на изјави на очевидци, пишува дека Никол Кидман јасно ѝ рекла на Салма Хајек:
„Не ме допирај!“
Подоцна, за време на шоуто, Никол седеше веднаш до сопругот на Салма Хајек, Франсоа Анри Пино и Ана Винтур - но подалеку од Салма, која очигледно не ги почитува нејзините граници.
Прочитајте и Кога се запознале тој чекал дете од друга жена, молчи за неговите скандали – Факти за бракот на Салма Хајек и сопственикот на Balenciaga
Погледнете го видеото:
@gala.fr #salmahayek #nicolekidman #katyperry #balenciaga #tiktokfashion #pfw
-->♬ Way down We Go - KALEO
Б. С. Б. | Црнобело