Гатачка предвидела дека ќе се удави, сопругот е главен осомничен – Мистериозната смрт на актерката Натали Вуд
Мајка ѝ ја натерала да почне врска со Френк Синатра
Кога Натали имала 16 години, мајка ѝ ја натерала да почне врска со тогаш 38-годишниот Френк Синатра.
Синатра никогаш не зборувал за врската со Натали бидејќи можел да заврши во затвор.
Но, според некои извори, често ја терал Натали да оди кај него на „часови по пеење“, а аферата траела неколку години.
Се претпоставува дека била силувана
Многу години по смртта на Натали, позната биографка издаде книга во која изнесе тврдења дека актерката била силувана.
Силувањето се случило кога Натали имала околу 16 години, а силувачот бил 20 години постар од неа.
Не е познат неговиот идентитет, но според биографката, тој толку брутално ја силувал Натали, што таа имала и физички повреди.
Но, бидејќи силувачот бил богат и моќен маж, Натали никогаш не го пријавила инцидентот.
Според некои извори, силувачот бил Кирк Даглас – таткото на Мајкл Даглас, но ова не е потврдено.
Трагично го загуби животот на само 43 години
Низ годините, животот на актерката не станал подобар. Таа имала еден неуспешен брак, неколку бурни љубовни врски, а и кариерата почнала да ѝ се движи во надолна линија.
Наводно, во 1960-тите, дури планирала и да изврши самоубиство.
Во 1981 година, Натали била на крстарење со вториот сопруг, Роберт Вагнер.
Тие биле со нивната јахта и на Денот на благодарноста решиле да отидат до остров што го посетувале често.
На островот отишле во ресторан каде што испиле многу алкохол и се вратиле на јахтата околу 22:30 часот. Со нив бил и капетанот на јахтата, како и актерот Кристофер Вокен.
Околу половина час подоцна, сфатиле дека Натали не е на јахтата, но се јавиле на крајбрежната стража дури во 3:30 часот.
Телото на актерката било најдено во осум часот наутро, на околу 2 километри од јахтата.
До денес се верува дека смртта не била несреќен случај
Аутопсијата покажала дека Натали била во алкохолизирана состојба и на нејзиното тело имало и модринки.
Првично, се верувало дека таа паднала од јахтата и бидејќи не знаела да плива – се удавила.
Случајот бил затворен неполн месец подоцна.
Но, во 2011-та, случајот повторно беше отворен, наводно поради нови докази.
Според тогашните информации, Натали и Роберт се скарале пред таа да исчезне, па тој станал еден од осомничените.
Случајот е отворен до денес и уште не се знае вистината, но и детективи кои работат на него веруваат дека Натали сепак била убиена.
Спирова С. | Црнобело