„Те сакаме“ - Антониа Гиговска му го честиташе роденденот на сопругот со семејна фотографија
- Детали
- вторник, 01 октомври 2024
Роберт Спасенцовски – Џокер ужива во улогата на татко и за својот роденден си објави фотографија со синот Киан и напиша „Мало тигарче за роденден“.
Вчера (30.09) музичарот Роберт Спасенцовски – Џокер го прослави својот роденден и објави фотографија со синот Киан, кој го нарекува тигарче.
„Мало тигарче за роденден“, напиша тој.
Потоа, и неговата сопруга Антониа Гиговска му го честиташе роденденот.
„Најсреќен роденден тата, те сакаме“ - напиша Антониа во описот на семејната фотографија на Инстаграм Стори со која му го честиташе роденденот.
Покрај другите честитки, Роберт доби посвета и од неговата соработничка, пејачката Барбара Поповиќ, со која тој редовно настапува низ локалите во нашата држава.
Во интервју на тема татковство, Роберт за синот Киан за CRNOBELO.com изјави:
„Чувството е, искрено, неописливо, особено од моментот кога се роди, па додека дочекав да го земам во рацете.
Се сеќавам, на Антониа ѝ кажав дека ме направи најсреќен човек на светот.
Посакувам на секој да му се случи истото, бидејќи најголема суштина на животот е како што тебе некој ти подарил живот, така и ти да подариш некому“.
С. С. | Црнобело