Каја Гербер, Лени Клум - Ќерки на фотомоделите кои се побогати од своите славни мајки
- Детали
- недела, 01 септември 2024
Ќерките на светските фотомодели можеби не се ни оддалеку славни како нив, а сепак, нивните банкарски сметки се многу „подебели“...
Фотомоделите и манекенките кои владееја со светските модни писти и ги красеа насловните страници во 1980-те и 1990-те години, денес веќе имаат возрасни ќерки.
И не е изненадување што повеќето од нив решија да тргнат по стапките на своите славни мајки, па и самите да се занимаваат со манекенство.
Дел од нив се успешни во тоа што го работат, а дел се таканаречените „непо-бебиња“ (деца на познатите кои поради непотизам станале популарни) кои се бледа сенка на своите мајки.
Но, интересно е што и едните и другите деца, на своите банкарски сметки имаат повеќе пари отколку нивните мајки.
Во оваа сума се пресметани парите што ги заработиле самите (барем оние кои работат) и наследството (што ќе го добијат) од нивните богати родители.
Кои ќерки на славните фотомодели се побогати од своите мајки?
Грејс Барнс (38 милиони долари) и Кристи Тарлингтон (30 милиони долари)
Кристи Тарлингтон е една од „оригиналните супермодели“ и се прослави во 1980-те години.
Од бракот со актерот Ед Барнс, таа ја има 20-годишната ќерка Грејс.
Таа тргна по стапките на мајка си и работи како модел, иако Кристи честопати кажала дека не сака нејзините деца да се во светот на модата или филмот.
Грејс почнала да се занимава со моделинг на 18 години, па затоа, најголемиот дел од нејзиното богатство доаѓа од парите на нејзините успешни родители.
Лила Мос (76 милиони долари) и Кејт Мос (53 милиони долари)
Кејт и нејзината ќерка прават сè заедно, па не е ни чудо што Лила одамна е дел од модниот свет.
21-годишната девојка има импресивна модна биографија, откако на 14 години почнала да работи како манекенка.
Таа се најде и на листата на Vogue од 40 модни икони и се фотографираше за насловната страница на ова списание заедно со мајка си и уште 38 славни личности.
Сама заработила околу 4 милиони долари, а останатите пари се наследство од нејзините родители.
Лени Клум (124 милиони долари) и Хајди Клум (121 милион долари)
Лени Клум, ќерката која Хајди Клум ја доби од врската со Ф1 магнатот Флавио Бриаторе, има 20 години и е една од најбараните млади модели во светот.
Таа честопати позира заедно со својата мајка во реклами за секси долна облека, но се фотографира и за насловни страници на светски познати списанија и работи како манекенка на ревии на познати дизајнери и брендови.
Освен што заработува самата, тука е и богатството на нејзините родители.
Клементина Вон (57 милиони долари) и Клаудија Шифер (53 милиони долари)
Ќерката на германскиот топ модел, Клаудија Шифер, и холивудскиот продуцент Метју Вон, не сака да е во центарот на светското внимание и се занимава со фотографирање.
Но, поради богатството кое го поседуваат нејзините славни и успешни родители, се проценува дека и без да работи, Клементина има богатство поголемо од она на нејзината мајка.
Каја Гербер (190 милиони долари) и Синди Крафорд (170 милиони долари)
Синди Крафорд (58) и денес е една од најпрепознатливите манекенки во светот. На прагот на седмата деценија, освен што изгледа одлично, таа и понатаму активно работи.
Нејзината ќерка Каја (22), која ја има од бракот со угостителот Ренди Гербер, е вистинска копија на мајка си.
Таа веќе неколку години работи како манекенка, светските дизајнери ја ангажираат за своите ревии и реклами.
Се проценува дека Синди има бопгатство од 170 милиони долари, но дека Каја има 20 милиони повеќе од мајка и - дел од парите ги заработила сама, а дел ѝ се наследство од родителите.
Лили Роуз Деп (114 милиони долари) и Ванеса Паради (76 милиони долари)
Француската пејачка и Модел, Ванеса Паради, ја доби ќерката Лили Роуз во 14-годишната врска со Џони Деп.
И додека Ванеса е ѕвезда во Франција, Лили Роуз гради кариера во Холивуд, каде што е успешна млада актерка.
Покрај тоа работи и како модел и од својата 16-та година е заштитно лице на Chanel, па за разлика од повеќето други девојки, таа сама си го заработила поголемиот дел од своето богатство.
А. Ј. | Црнобело