Надежна актерка од семејството Кенеди – Која е 16 години помладата жена која наводно го теши Бен Афлек по разводот?
- Детали
- понеделник, 26 август 2024
Бен Афлек бил забележан во друштво на Кик Кенеди – 36-годишна надежна актерка која потекнува од моќното семејство Кенеди. Иако не е познато дали нивниот однос е романтичен, некои веќе коментираат дека по малку, Кик ги потсетува на Џенифер Гарнер.
Неполна недела откако Џеј Ло поднесе барање за развод, во јавноста почна да се шпекулира дека Бен Афлек веќе има нова девојка.
Според изворите на Page Six, актерот минувал многу време со 16 години помладата Кик Кенеди.
Наводно, Бен Афлек (52) и Кик (36) последно биле заедно во луксузен хотел, а биле забележани и неколкупати претходно, но нема точни информации дали нивниот однос е романтичен или само пријателски.
Па, која е новата наводна девојка на познатиот актер?
Кик Кенеди, чие вистинско име е Кејтлин, потекнува од познатото семејство Кенеди.
Таа е ќерка на Роберт Ф. Кенеди, поранешен претседателски кандидат на САД, кој воедно е и брат на поранешниот претседател Џон Ф. Кенеди.
Нејзината мајка е Емили Блек, а нејзините родители се разведени.
Кик работи како актерка, иако нејзината популарност не се ни споредува со онаа на Бен Афлек.
Генерално добива мали улоги во филмови и серии како Curb Your Enthusiasm.
А, последната улога и е од 2021 година.
Кик студирала на Универзитетот Стенфорд, каде што завршила историја и театарска уметност.
На Инстаграм има скромни 20.000 следбеници – број кој сигурно ќе се зголеми поради Бен Афлек.
Но, нема објавено ништо од август минатата година.
Сепак, на некои постари објави се забележуваат нови коментари, а некои инстаграмџии велат дека Кик малку ги потсетува на Џенифер Гарнер – поранешната сопруга на Бен Афлек.
Иако Кик не е многу популарна, фановите на Тејлор Свифт можеби ја препознаваат.
Имено, пејачката беше во врска со брат ѝ на Кик – Конор – во 2012 година.
За потсетување, Бен Афлек и Џеј Ло официјално поднесоа барање за развод минатата недела, и тоа на нивната втора годишнина.