„Како кечап и сенф“ – Блејк Лајвли и Џиџи Хадид во тематски аутфит на премиера на филм
- Детали
- вторник, 23 јули 2024
Блејк Лајвли носеше аутфит со кој го поддржа сопругот, иако неодамна имаше гласини дека се разведуваат. А, нејзината најдобра другарка, пак, беше модно усогласена со неа. Ви наликуваат ли и вам Блејк и Џиџи на шишиња со кечап и сенф?
Блејк Лајвли и Џиџи Хадид заедно се појавија на премиерата на филмот Deadpool & Wolverine, а го привлекоа вниманието со тематските аутфити што ги носеа на себе.
Премиерата на филмот се одржа синоќа (22.07), а најголемо внимание привлекоа сопругата на Рајан Рејнолдс, и нејзината најдобра другарка, која во моментов е во врска со Бредли Купер.
Додека Блејк Лајвли му даде целосна поддршка на сопругот Рајан Рејнолдс, па на себе носеше аутфит инспириран од Дедпул, неговиот лик во филмот, Џиџи застана на страната на ликот на Хју Џекмен, па позираше во аутфит инспириран од Вулверин.
Блејк и Џиџи позираa заедно со главните актери во филмот, а порталот E! News се пошегува во објавата дека двете девојки потсетуваат на шишиња за кечап и сенф, затоа што не само што се модно усогласени, туку важат и за блиски пријателки, кои секаде одат заедно.
https://twitter.com/enews/status/1815542182646001805
Инаку, неодамна во дел од светските таблоиди се појавија информации дека Блејк и Рајан се разведуваат, а актерката набрзо потоа изјави дека тие двајца се подготвени заедно го добијат петтото дете.
Блејк на Инстаграм Стори, објави дека нејзиниот сопруг повторно се обидува да ја забремени, затоа што објавил видео на кое го држи кученцето од неговиот најнов филм.
Парот синоќа за првпат го сподели и името на нивното четврто дете. Тие 16 месеци вешто криеја дека му го дале името Олин.
Погледнете повеќе фотографии од модно усогласените Блејк и Џиџи:
Б. С. Б. | Црнобело