„Таа е сè што јас не сум“ – Џони Деп ја возвишува мајката на неговите деца, додека се гледа со 33 години помлада девојка
- Детали
- четврток, 18 јули 2024
„Срамота – таа е само две години постара од ќерка му!“ - Џони Деп е на удар на критики, откако се прошири веста дека е во врска со 33 години помлада девојка, која студирала на академија за шпиони во Москва. Тој, пак, објави нов портрет кој го посвети на неговата поранешна партнерка со која има две деца и ја возвиши пред сите.
Холивудскиот актер Џони Деп (61), деновиве е во фокусот во јавноста, откако беше објавено дека тој е во врска со рускиот модел Јулија Власова, со која се запознал уште во 2021-ва година.
Нивните заеднички фотки беа објавени во голем број светски таблоиди, a Daily Mail, повикувајќи се на извори блиски до актерот, пишува дека тие биле во врска без обврски и дека повремено се гледале во изминатите две години.
Џони и Јулија беа фотографирани во Лондон, минатата недела, а забележително е дека се мошне блиски.
Според пишувањата во светските таблоиди, Јулија живее во Прага, каде поседува свое шминкерско и фризерско студио, а со Џони се запознале на филмскиот фестивал во Карлови Вари, уште во 2021-ва година.
На една од фотографиите се гледа Џони како ја бакнува Јулија на образот.
Според Daily Mail, Јулија потекнува од мало гратче во Русија, а студирала во Москва на академија за дипломати и шпиони.
Нејзиниот татко Александар (57) бил војник во Советската армија и е 4 години помлад од Џони Деп (61), а Јулија е само две години постара од ќерката на Џони, Лили Роуз Деп (25).
Токму заради огромната разлика во годините, Џони Деп се најде на удар на критики на социјалните мрежи. На многумина не им се допаѓа тоа што Јулија е многу помлада од него и сметаат дека тој не си ја научил лекцијата со Амбер Херд.
„Одвратни се, изгледаат смешно, се надевам ќе го натера да се мие“;
„Ова е одвратно, тој може да ѝ биде дедо“;
„Ова со него станува клише“ – стои во дел од коментарите, додека други, пак, повикувајќи се на објавите на Јулија на Инстаграм, тврдат дека таа има само 24 години, па е помлада од неговата ќерка.
Додека неговата врска со Јулија ги полни таблоидите и ги разбранува социјалните мрежи, Џони Деп откри дека изработил нова серија портрети наречени „Тарот“.
Интересно е што овие портрети се инспирирани до тарот карти, а ликот на „Кралицата“ е инспириран од неговата поранешна партнерка со која беше заедно 14 години и со која доби две деца, Ванеса Паради.