Не е Ванеса Паради – Која е и како изгледа денес првата сопруга на Џони Деп, која му помогнала да стане славен?

Таа била 5 години повозрасна од него и му помогнала да ја започне холивудската кариера, а Џони Деп со неа се оженил кога имал само 20 години. Како изгледа денес првата сопруга на познатиот актер, која сѐ уште го носи неговото презиме?

ne-e-vanesa-paradi-koja-e-i-kako-izgleda-denes-prvata-sopruga-na-djoni-dep-koja-mu-pomognala-da-stane-slaven-01.jpg

Кога се говори за поранешните девојки и сопруги на Џони Деп, први на ум ни паѓаат Кејт Мос, Ванеса Паради и секако Амбер Херд.

Ретко кој слушнал за Лори Ен Алисон со која се ожени во 1983-та година кога имал само 20 години.

ne-e-vanesa-paradi-koja-e-i-kako-izgleda-denes-prvata-sopruga-na-djoni-dep-koja-mu-pomognala-da-stane-slaven-03.jpg

Се верува дека токму таа му помогнала најмногу за кариерата затоа што го запознала со Николас Кејџ, кој пак го запознал со неговиот агент и така започнува брилијантната холивудска кариера на Џони.

Актерот се откажал од средното образование и сакал да изгради кариера како актер и како музичар. Неговиот прв бенд се викал The Kids.

ne-e-vanesa-paradi-koja-e-i-kako-izgleda-denes-prvata-sopruga-na-djoni-dep-koja-mu-pomognala-da-stane-slaven-04.jpg

Џони и Лори се запознале преку бендот, затоа што Алисон е сестра на басистот во групата. Се гледале секој ден и иако Алисон е 5 години повозрасна од Џони, сепак стапија во брак.

Џони и Алисон се разделија во 1985-тата година по само две години брак, но таа во 2016-та година по обвинувањата од Амбер Херд, прва застана во одбрана на Џони и кажа дека тој е мошне нежен човек, што никогаш не ѝ се развикал додека биле заедно.

ne-e-vanesa-paradi-koja-e-i-kako-izgleda-denes-prvata-sopruga-na-djoni-dep-koja-mu-pomognala-da-stane-slaven-05.jpg

Лори сѐ уште работи како шминкерка и има свој бренд на сјај за усни кој се вика Serrendipity, а е активна и на социјалните мрежи.

Интересно, но таа уште се потпишува Лори Деп.

https://www.instagram.com/tv/CgY10sgD0um/?utm_source=ig_web_copy_link

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Славни личности кои добија вонбрачни деца во тајност (од афери) Додека да наполни 11 години, Лив Тајлер ни самата не знаела дека е ќерка на пеја...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg