Шерон Стоун (66) покажа дека самодовербата е најсилно оружје на жената – Во долна облека ја изведе сцената од Basic Instinct
- Детали
- вторник, 16 јули 2024
„Ни треба да гледаме повеќе жени на твои години кои се храбри и смели“ - стои во коментарите до фотографијата на Шерон Стоун на која таа позира во долна облека и ја повтори контроверзната сцена од филмот што ја направи славна, Basic Instinct.
Иако зад себе има голем број успеси и важи за една од најсилните жени во Холивид, која буквално успеа да се врати од мртвите, се чини дека Шерон Стоун (66) е најпрепознатлива токму по контроверзната сцена од филмот Basic Instinct, снимен во 1992-ра година.
Во филмот, актерката ја толкува улогата на Катрин Трамел, писателката која е обвинета за убиство, а речиси сите го помнат моментот со Мајкл Даглас кога таа е повикана на распит во полиција, па во еден миг го покажува меѓуножјето и сите забележуваат дека не носи долна облека.
Своевремено, Шерон велеше дека оваа сцена не ѝ донела ништо добро, па дури и дека била измамена за да ја соблече долната облека.
„Ми рекоа: ’Не можеме да видиме ништо – ни треба да ги соблечеш гаќите затоа што белото рефлектира на светлината и сите гледаме дека имаш долна облека‘.
Но, кога го погледнав филмот, тоа не беше така“ – рече таа.
Во минатото, Шерон има изјавено дека поради таа сцена го загубила и старателството над синот во 2004-та година, заради предрасудите што луѓето ги имале за неа.
„Го загубив старателството над синот.
Судијата го праша моето мало момче: ’Знаеш ли дека мајка ти снима секс филмови?‘, како тоа е некое злоупотребување на системот, и ме сметаа за лош родител само затоа што го снимив тој филм“.
Но, актерката вели дека денес таа сцена е ништо во споредба со она што имаме можност да го гледаме околу нас.
„Луѓето се шетаат голи постојано на ТВ денес“ – велеше Шерон.
Очигледно е дека актерката се помирила со сопственото минато, а се обиде да покаже дека денес не се срами од филмот што ѝ донесе светска слава, туку е горда на себе.
Таа на Инстаграм објави фотографија на која позира во црвена долна облека, високи потпетици и бел бисерен ѓердан, во истата поза од филмот.
„Во основа… ваша“ – напиша таа до фотката.
Таа ги воодушеви своите фанови со фотографијата, кои се изненадени од нејзината природна убавина, а речиси никој не може да си поверува дека таа изгледа толку добро и во седмата деценија од животот.
„Ни треба да гледаме повеќе жени на твои години кои се храбри и смели“;
„Таа е храбра и смела не заради тоа што го носи, туку затоа што покажува дека е самоуверена и задоволна со сопственото тело. Воопшто не е важно што носи, се гледа само нејзината самодоверба“ – стои во дел од коментарите.
Инаку, пред неколку години и неколку згодни Србинки ја рекреираа сцената од Basic Instinct.
Прочитајте и Секси Србинки ја повторуваат најжешката филмска сцена на сите времиња – која најдобро ја имитира Шерон Стоун? (видео)
Б. С. Б. | Црнобело