Секси Србинки ја повторуваат најжешката филмска сцена на сите времиња – која најдобро ја имитира Шерон Стоун? (видео)
- Детали
- четврток, 28 јули 2022
Како изгледа кога некои од попознатите српски дами ја рекреираат познатата сцена во која Шерон Стоун го покажа меѓуножјето во филмот што ѝ донесе светска слава? Погледнете како Србинките ја заведуваа публиката со прекрстување на нозете среде емисија кај Огњен Амиџиќ.
Оние што редовно ја следат емисијата на Огњен Амиџи, имаа можност да видат како гостинките приредија вистинско шоу додека ја рекреираа култната сцена од филмот Basic Instinct каде Шерон Стоун го покажа своето меѓуножје додека беше на распит во полиција.
https://www.youtube.com/watch?v=eoSxTkT80bo
Во емисијата на Огњен Амиџиќ, Амиџи шоу, гостинки беа водителката Јована Јеремиќ, старлетата Станија Добројевиќ, но и пејачките Риалда Карахасановиќ, Љупка Стевиќ и Славица Ќуктераш, а требаше да одговорат на предизвикот и да ја рекреираат познатата сцена од филмот.
Од сите присутни дами само Славица Ќуктераш не прифати да одговори на предизвикот, а како изгледаше додека дамите флертуваа со камерата и со публиката може да видите во продолжение:
Инаку, во своите мемоари The Beauty of Living Twice, Шерон Стоун пишуваше дека била наместена и изиграна и дека воопшто немала поим дека во сцената ќе се гледа и нејзиното меѓуножје.
Како и да е, таа 25 години по снимањето на филмот објави фотографија на која носи маичка со познатата сцена од филмот до која напиша:
„Бев таму, го направив тоа, си купив маичка...“
Прочитајте и По мозочен удар морала да учи да говори и да оди, а сопругот ја оставил и ѝ го одземал синот – Факти за Шерон Стоун
Б. С. Б. | Црнобело