По мозочен удар морала да учи да говори и да оди, а сопругот ја оставил и ѝ го одземал синот – Факти за Шерон Стоун
- Детали
- недела, 08 мај 2022
„Паднав на најголемите испити во животот. Не успеав да си го сочувам здравјето, не успеав да си го спасам бракот “ – вели Шерон Стоун. Во своите 64 години имала повеќе блиски средби со смртта, а улогата во филмот Basic Instinct ја добила дури откако сите звучни имиња од тоа време одбиле да ја играат.
Во март годинава актерката Шерон Стоун наполни 64 години, а еден месец подоцна се појави на насловната страна на Vanity Fair Италија. Видно остарена и со седа коса, актерката која некогаш важеше за секс симбол говореше за сопствениот живот и за тоа што научила од искуствата.
Во големо интервју за магазинот таа рече дека времето не постои, дека годините што минуваат само нѐ прават посилни и мора да научиме да ги процесираме траумите од минатото, а ако некој може да говори за трагедии и за блиски средби со смртта - Шерон има искуство.
Ако се следи нејзината животна приказна и големиот број незгоди што ги поминала, можеби и ќе си помислите дека таа буквално има „девет животи“.
Како дете била удрена од гром, за малку ќе била обезглавена додека се обидувала да скроти коњ, исто така имала шинато рамо, па дури ѝ се случило да мора да ѝ извадат и заб во актерската приколка без анестезија.
Имала целосна реконструкција на вилицата, здравствени проблеми заради пукната циста на јајчниците, а во 2001-ва година имала аневризма на мозокот па се смета дека е вистинско чудо тоа што воопшто останала жива, а се соочила и со краткотрајна амнезија.
Во март минатата година таа ја објави својата книга мемоари The Beauty of Living Twice во која откри голем број непознати детали за сопствениот живот.
Дополнително таа исто така се вклучи и во #MeToo движењето па откри како за снимањето на Basic Instinct ѝ рекле дека во скандалозната сцена каде што ги шири нозете - нејзината интима нема да биде видена.
Таа имаше само пофални зборови за Мајкл Даглас во нејзините мемоари, но откри дека еден од продуцентите ја присилил да има секс со колега во друг непознат филм со цел да го направи филмот поатрактивен.
„Луѓето знаеја да речат дека Шерон Стоун ја има најголемата храброст во цел Холивуд. Не е случајност тоа што бев првата жена што добиваше хонорари вредни за почит – иако беа помали од оние на мажите, сепак беа поголеми од она што жените го добиваа во минатото“ – раскажува таа.