Мозочен удар, финансиски проблеми: Трагедиите што ги следат актерите од Beverly Hills

Џејсон Престли

Џејсон Престли ја напушти Beverly Hills во деветтата сезона, а подоцна има изјавено дека се каел за одлуката.

А, додека беше дел од серијата, беше популарен и за скандалозното однесување.

Самиот откри дека пред секое интервју, користел марихуана и пиел алкохол за да се дистанцира од ликот во серијата.

Во 1999-та, пак, удрил со неговиот автомобил во столб додека возел под дејство на алкохол, по што бил уапсен и поминал пет ноќи во затвор.

Возачката дозвола му беше суспендирана и актерот мораше да оди на програма за одвикнување од алкохол.

mozochen-udar-finansiski-problemi-tragediite-shto-gi-sledat-akterite-od-beverly-hills-08.jpg

Во младоста, неговото хоби беше тркање со автомобили, па во 2002 година доживеа сообраќајка во која речиси загина.

Актерот заврши со скршен грб, потрес на мозокот, скршен нос и бројни други повреди, но успеа да закрепне.

Денес неговиот живот е подобар – тој е во брак од 2005 година, а со сопругата имаат две деца.

mozochen-udar-finansiski-problemi-tragediite-shto-gi-sledat-akterite-od-beverly-hills-09.jpg

Џени Гарт

Џени Гарт целиот живот има проблеми со срцето, а јавноста дозна за ова дури во 2009 година.

Како што вели актерката, главната артерија која води до нејзиното срце некогаш претекува.

Таа истакнува дека може да води нормален живот, но дека мора постојано да ја следи состојбата.

Актерката имаше многу проблеми и во љубовта.

mozochen-udar-finansiski-problemi-tragediite-shto-gi-sledat-akterite-od-beverly-hills-0.jpg

Со првиот сопруг се венча во 1994-та, но се разведоа само две години подоцна.

Со вториот сопруг доби три ќерки, а се разведоа по 11 години заедно.

Потоа, во 2015-та, таа се венча со третиот сопруг но се разделија во 2018-та.

Џени откри дека дознала дека сопругот сака да се разведат преку медиумите.

Сепак, по 10 месеци разделба, сепак успеаја да го спасат бракот.

mozochen-udar-finansiski-problemi-tragediite-shto-gi-sledat-akterite-od-beverly-hills-11.jpg

Останатите ѕвезди од серијата

Габриел Картерис е во среќен брак од 1992 година, но имала проблеми со здравјето.

Во 2008 година, доживеала сериозно оштетување на нервите на лицето, и тоа додека снимала филм.

Шест месеци актерката имала парализа на лицето и не можела ни да зборува, но сега е во ред.

mozochen-udar-finansiski-problemi-tragediite-shto-gi-sledat-akterite-od-beverly-hills-12.jpg

Брајан Остин Грин, пак, најмногу проблеми има во љубовниот живот.

Водеше битка за старателството над децата што ги доби со првата свршеница, а и бракот со Меган Фокс не заврши славно.

Моментално е во брак со втората сопруга.

mozochen-udar-finansiski-problemi-tragediite-shto-gi-sledat-akterite-od-beverly-hills-13.jpg

Иан Зиринг исто така имаше проблеми во љубовта.

Најпрво беше во брак со Плејбој зајачица – од 1997 до 2002 година.

Потоа, во 2010 година се венча со втората сопруга, но соопштија дека се разведуваат во 2019-та.

Неодамна, пак, беше нападнат од група моторџии кои му го искршиле автомобилот и му нанеле неколку повреди.

mozochen-udar-finansiski-problemi-tragediite-shto-gi-sledat-akterite-od-beverly-hills-14.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Каде се денес актерите од серијата „The Sopranos“ - Тони Сопрано почина, ќерка му боледува од мултип... Американската серија The Sopranos првпат почна да се прикажува на 10 јануари 199...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg