Мозочен удар, финансиски проблеми: Трагедиите што ги следат актерите од Beverly Hills

Тори Спелинг има сериозни финансиски проблеми, Лук Пери почина од мозочен удар на само 52 години, а неодамна Шенон Доерти ја изгуби битката со ракот – изгледа секој актер од Beverly Hills се соочил со некаква трагедија во животот.

mozochen-udar-finansiski-problemi-tragediite-shto-gi-sledat-akterite-od-beverly-hills-01.jpg

Фановите тагуваат за смртта на Шенон Доерти која почина по долга и мачна битка со рак на дојка.

Актерката се прослави со култната серија Beverly Hills 90210, која се емитуваше во 1990-тите, а беше огромен хит и кај нас.

Но, изгледа Шенон, која почина на само 53 години, не е единствената од актерската екипа која се соочила со трагедии во својот живот.

Нејзиниот колега Лук Пери исто така почина во неговите рани 50-ти години, додека други актери од серијата имаа проблеми со здравјето, парите, алкохолизмот…

Тажни детали од животите на ѕвездите од Beverly Hills:

Шенон Доерти

Шенон првпат беше дијагностицирана со рак на дојка во 2015 година, по што ѝ беше направена мастектомија, а почна и третман со хемотерапија и радијација.

Во 2017-та, актерката откри дека ракот е во ремисија.

Но, само три години подоцна, Шенон сподели дека болеста се вратила, како и дека ракот е во четврти стадиум.

Набрзо потоа, јавноста дозна дека ракот се проширил и на мозокот и коските.

А, додека се бореше со болеста, Шенон се соочи со друг проблем – развод.

Шенон и сопругот беа заедно 11 години, а нивниот развод бил финализиран точно еден ден пред нејзината трагична смрт.

mozochen-udar-finansiski-problemi-tragediite-shto-gi-sledat-akterite-od-beverly-hills-02.jpg

Актерката се соочуваше со проблеми и во кариерата.

Таа ја напушти серијата Beverly Hills по третата сезона, а се појавија гласини дека не била во добри односи со колегите.

Подоцна, Тори Спелинг, која исто така глумеше во серијата, откри дека таа го замолила татко ѝ (кој беше продуцент на серијата), да ја отпушти Шенон.

Потоа Шенон доби една од главните улоги во Charmed, но беше избркана и од таму, наводно поради конфликт со колегите, особено Алиса Милано.

Многу години подоцна, Шенон изјави дека во младоста не била најдобрата личност, но дека се променила.

mozochen-udar-finansiski-problemi-tragediite-shto-gi-sledat-akterite-od-beverly-hills-03.jpg

Лук Пери

Лук Пери почина во 2019-та, на само 52-годишна возраст, поради излив на мозокот.

Пред смртта помина пет дена во болница, но лекарите не успеаја да го спасат.

Тој се прослави со серијата Beverly Hills, а во периодот кога почина, неговата кариера како да доживеа ренесанса.

Беше дел од серијата Riverdale, а имаше и улога во филмот Once Upon a Time in Hollywood на Квентин Тарантино.

mozochen-udar-finansiski-problemi-tragediite-shto-gi-sledat-akterite-od-beverly-hills-04.jpg

Пред изненадниот мозочен удар, Лук Пери имаше и канцероген тумор во дебелото црево, но успеа да се излечи пред ракот да се прошири.

Тогаш тој отворено зборуваше за дијагнозата, истакнувајќи дека го открил туморот за време на рутински преглед.

Пери изјави дека ако не одел редовно на прегледи, сигурно би се соочил со многу посериозен проблем.

mozochen-udar-finansiski-problemi-tragediite-shto-gi-sledat-akterite-od-beverly-hills-05.jpg

Тори Спелинг

Таткото на Тори Спелинг, Арон Спелинг, беше продуцент на Beverly Hills, па не е ни чудно што таа доби една од главните улоги.

Таа беше дел од серијата до самиот крај, но повеќе внимание привлекуваше со скандалите отколку со талентот за глума.

Една година по венчавката со првиот сопруг Чарли Шанијан, таа почна афера со Дин Мекдермот.

Тој период, и Дин беше во брак.

mozochen-udar-finansiski-problemi-tragediite-shto-gi-sledat-akterite-od-beverly-hills-06.jpg

Еден месец откако и двајцата се разведоа, стапија во брак и низ годините добија пет деца.

Но, од мигот кога се венчаа, постојано имаа финансиски проблеми.

Таткото на Тори имаше богатство од околу 600 милиони долари, но на актерката ѝ остави околу 800.000.

Подоцна мајка ѝ откри дека Тори не можела да се контролира со трошењето пари, па затоа татко ѝ одлучил да не ѝ остави повеќе.

Покрај финансиските проблеми, сопругот Дин беше зависен од секс и често ја изневеруваше Тори.

На крај, тие одлучија да се разведат.

Низ годините, Тори се соочуваше и со тужби поради неисплатени долгови, а извесен период со децата живееше во камп-приколка. Иако, тогаш Тори тврдеше дека само биле на одмор.

mozochen-udar-finansiski-problemi-tragediite-shto-gi-sledat-akterite-od-beverly-hills-07.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Каде се денес актерите од серијата „The Sopranos“ - Тони Сопрано почина, ќерка му боледува од мултип... Американската серија The Sopranos првпат почна да се прикажува на 10 јануари 199...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Се избори за ќерката да биде скромна девојка, 12 години ѝ беше и мајка и татко – Како Кејти Холмс до... Во изминативе 12 години додека Том Круз никогаш не ја спомнал ќерката Сури, на К...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg