„Заради него нема пријателки и не зборува со сестрите“: Зошто Кардашијанс го мразат сопругот на Кортни?
- Детали
- четврток, 11 јули 2024
Според извор близок до Кардашијанс, никој од семејството не го сака сопругот на Кортни и тој бил причината што таа се оддалечила од сите, вклучувајќи ги нејзините сестри и пријателките со кои се дружела целиот живот. Наводно, Кардашијанс го преферирале нејзиниот поранешен партнер – Скот Дисик.
Бракот на Кортни Кардашијан и Тревис Баркер е навидум совршен.
Се држат настрана од скандали, изгледаат исто вљубени како и на почетокот, а неодамна добија и дете.
Сепак, извор близок до кланот Кардашијан-Џенер вели дека поради Тревис, Кортни се оддалечила од семејството.
Истовремено, сестрите повеќе го сакале нејзиниот поранешен сопруг Скот Дисик, со кого Кортни има три деца.
За потсетување, Кортни и Скот останаа блиски и по разделбата поради нивните деца, а тој редовно се појавуваше и во реалното шоу на Кардашијанс.
„Кога Тревис и Кортни ја почнаа врската, тој го гледаше Скот како закана. И, секогаш кога Тревис беше кај Кортни, правеше Скот да се чувствува непријатно.
Тоа што постојано ја бакнуваше и ја допираше Кортни му беше како оружје и знаеше дека со тоа, на некој начин, ќе го избрка Скот.
Тревис сакаше Скот да знае дека Кортни е сега негова“, вели извор за Daily Mail.
Кога Кардашијанс почнаа да снимаат ново ријалити шоу, Скот одлучи да се повлече бидејќи не сакал да изгледа како негативецот во животот на Кортни.
Но, во оваа ситуација, сестрите и мајката на Кортни застанале на страната на Скот, а изворот вели дека планот на Тревис да го избрка од кланот не успеал.
„Сега Тревис знае дека сите Кардашијанс му се лојални на Скот“, додава изворот.
И односот на Кортни со нејзините сестри наводно е влошен, а кавгите што беа емитувани во ријалити шоуто биле вистински.
„Кортни почна да се оддалечува од сите во нејзиниот живот кога почна да се гледа со Тревис. Оттогаш ситуацијата само се влошува и изгледа како воопшто да не сака да се дружи со кој било.
Таа едвај зборува со Клои и Ким, освен кога го снимаат шоуто. Ги третира само како колешки. На снимањето на шоуто, ништо не изгледа природно, како да е таму со сила“.
Истовремено, Кортни се оддалечила и од нејзините најдобри пријателки.
„Кортни и овие жени беа ако сестри целиот нивен живот. Сега едвај им одговара на пораките и повиците.
Нејзините пријателки уште се блиски со нејзините сестри. Блиски се и со Скот Дисик и многу го сакаат.
Но, ниту една од пријателките на Кортни не го сака Тревис и речиси и да немаат контакт откако ја почнаа врската“, вели изворот.
Спирова С. | Црнобело