Ванеса Хаџенс отечена во лицето и среќна по породувањето – излегува од болница со новороденчето во раце (фото)
- Детали
- четврток, 04 јули 2024
Не е познато точно кога се породила Ванеса Хаџенс, но вчера (03.07) беше забележана како излегува од болница со новороденчето и сопругот. Засега парот го нема откриено полот на бебето.
Ванеса Хаџенс и нејзиниот сопруг Кол Такер го добија првото дете, но уште го немаат откриено полот.
Вчера (03.07), 35-годишната актерка беше забележана како излегува од болница во Калифорнија со новороденчето во раце.
Актерката беше во количка која ја туркаше болничарка, а веднаш до неа беше сопругот Кол кој туркаше количка со торби.
Убавата актерка е уморна и отечена во лицето, но изгледа навистина среќно и задоволно.
Додека се движеа кон автомобилот, папараците „уловија“ и емотивен миг кога актерката нежно го доближи бебето до лицето.
Ванеса долго време ја криеше бременоста, сè до појавувањето на овогодишните Оскари во март.
А, првите гласини дека е бремена се појавија уште во октомври 2023-та.
Тогаш пејачката изјави дека гласините направиле да се чувствува лошо во врска со своето тело бидејќи алудирале на тоа дека има вишок килограми.
Ванеса и сопругот се запознаа во 2021 година, и тоа на групен Zoom повик.
Почнаа врска речиси веднаш, а се свршија во февруари 2023-та. Се венчаа истата година во декември и направија раскошна свадба во Мексико.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





