Бившиот објави нивна секс снимка, била малтертирана во поправен дом – Тажни детали од животот на Парис Хилтон
Страда од посттрауматско стресно нарушување
Тортурата што ја трпела во поправниот дом оставила и последици.
Па, Парис страда од посттрауматско стресно нарушување.
„Уште страдам од она што ми се случи во тинејџерските години…
Се случува и само додека го држам син ми во рака, одново да го преживеам трауматичното искуство“.
До денес има кошмари за лошото искуство
Парис вели дека покрај посттрауматско стресно нарушување, до денес има кошмари поврзани со поправниот дом.
„Во сонот, лежам во кревет и во собата влегуваат двајца мажи кои сакаат да ме одведат (во поправниот дом). И, јас безуспешно пробувам да избегам“.
Парис вели дека некогаш воопшто не спие од страв дека ќе го сонува истиот сон.
Во јавност протече нејзина секс снимка
Во 2000 година, Парис Хилтон беше во врска со Рик Саломон. Нивната врска траеше релативно кратко, но стана една од најзборуваните.
Околу три години откако раскинаа, во јавноста протече нивна секс снимка. И Парис, која беше жртва во целата ситуација, беше критикувана и исмејувана.
„Се чувствував како да ми завршил животот. Очигледно, кариерата за којашто сонував тогаш стана недостижна“, напиша Парис во нејзините мемоари.
Снимката беше објавена од Рик Саломон, а откако Парис го тужеше, тој објави уште подолга верзија на неговиот веб-сајт.
„Јас бев оцрнета. Во очите на јавноста јас бев виновникот, а никој не го ни спомнуваше него (Рик)“.
Имаше неколку судири со законот
Парис бегала од проблемите одејќи на забави пиејќи алкохол. А, поради ова имала неколку судири со законот.
Во 2007-ма беше уапсена за возење под дејство на алкохол. Тогаш добила привремена забрана за возење, но бидејќи ја прекршила, повторно беше уапсена па доби и 45-дневна затворска казна.
Казната ѝ била намалена поради добро однесување, а потоа била префрлена во домашен притвор поради проблемите со менталното здравје.
„Не можеше да спие. Не можеше да јаде. Постојано имаше панични напади“, има изјавено извор за американските медиуми.
Извесен период, Парис користела и дрога мислејќи дека тоа ќе ѝ помогне. Но, и овој порок ѝ донесе проблеми со законот.
Во 2010-та, Парис била фатена со кокаин и уапсена. Добила парична казна од 2.000 долари, како и наредба да изврши 200 часа општокорисна работа.
Спирова С. | Црнобело