Израснал како сирак, дисквалификуван е од Евровизија заради напад врз жена – Факти за Јост Клајн од Холандија

Кој е Јост Клајн и што знаеме за него?

Јост Клајн е роден во 1997-ма година во Леуварден во Холандија.

Како момче со долга руса коса, често му се случувало да го мешаат со девојче, заради што бил жртва на булинг и на насилство во училиште.

izrasnal-kako-sirak-kamermanka-tvrdi-deka-fizichki-ja-napadnal-fakti-za-holandskiot-pretstavnik-na-evrovizija-2024-05.jpg

Неговата песна Europapa со која настапи на втората полуфинална вечер на Евровизија 2024, е посветена на неговите родители кои ги загубил кога бил многу млад.

Кога Јост имал само 12 години, татко му починал од рак, а една година подоцна мајка му починала од срцев застој. Настапот на Евровизија им беше посветен ним, а песната беше емотивно писмо до татко му.

izrasnal-kako-sirak-kamermanka-tvrdi-deka-fizichki-ja-napadnal-fakti-za-holandskiot-pretstavnik-na-evrovizija-2024-08.jpg

Во една пригода тој изјави дека на татко му пред смртта му ветил дека ќе стане писател.

Според раскажувањата на нивните соседи, татко му на Јост често знаел да им помага на имигрантите (од Авганистан и другите земји) кои дошле во Холандија во потрага по подобар живот.

Токму од него ја научил првата лекција за љубов кон човештвото и за почит кон сите вери и нации – за што пееше и во својата песна.

izrasnal-kako-sirak-kamermanka-tvrdi-deka-fizichki-ja-napadnal-fakti-za-holandskiot-pretstavnik-na-evrovizija-2024-04.jpg

По смртта на родителите останал сирак, а за него се грижеле неговите постари брат и сестра, кои биле доста повозрасни од него. Откако станал славен брат му во еден период дури и му бил менаџер.

На рацете тој ги има истетовирано годините на раѓање на неговите брат и сестра во знак на почит за грижата кон него и љубовта што му ја пружале кога неговите родители повеќе не биле тука. Затоа тој на рацете ги има броевите 1983 и 1982.

Инаку, уште додека биле неговите родители живи, Јост снимал видеа на YouTube, а потоа целосно се посветил на оваа кариера и тоа му помогнало на 16 години брзо да стане славен откако почнал да ја објавува неговата музика.

Неговите песни во главно зборуваат за загубата на родителите, за тешкото детство без нив, но и за растењето со братот и сестрата.

izrasnal-kako-sirak-kamermanka-tvrdi-deka-fizichki-ja-napadnal-fakti-za-holandskiot-pretstavnik-na-evrovizija-2024-06.jpg

Пред да настапи на Евровизија тој изјави дека тоа го прави во чест на неговите родители, со кого редовно го следел изборот додека бил мал.

izrasnal-kako-sirak-kamermanka-tvrdi-deka-fizichki-ja-napadnal-fakti-za-holandskiot-pretstavnik-na-evrovizija-2024-11.jpg

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
Познати светски ѕвезди чии родители им го уништиле детството И покрај славата и богатството, раниот живот на Меколи Калкин не бил лесен. Со н...
Линдзи Лохан – 10: Славни личности со најмногу апсења Винона Рајдер била уапсена петпати во една година, додека таткото на Чарли Шин б...
Тврди дека 9 години немал секс, се чува за вистинската – Помалку познати факти за Лени Кравиц Потекнува од семејство на познати родители, но на почетокот на кариерата морал д...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg