Проблематичниот син на Николас Кејџ: Ја удрил мајка му додека имал нервен слом, има убиено куче

Вториот развод беше мошне бурен

Вториот развод на Вестон беше ништо помалку од хаотичен.

Најпрво, бившата Даниел побара забрана за приближување, но и да ѝ исплати над 50.000 долари за правни трошоци.

Нивниот развод се финализира во ноември 2018-та, но дотогаш Вестон веќе ја имаше запросено сегашната сопруга, па ова му создаде дополнителни проблеми.

Истовремено, по разводот, Вестон морал да ѝ плаќа над 8.000 долари на Даниел за кирија, автомобил, здравствено осигурување, но и алиментација.

Последно, во 2023-та, Вестон ја тужеше Даниел за изнудување пари.

problematichniot-sin-na-nikolas-kejdzh-ja-udril-majka-mu-dodeka-imal-nerven-slom-ima-ubieno-kuche-07.jpg

Мајка му мисли дека Николас Кејџ е виновен за неговите проблеми со менталното здравје

Освен новата изјава, Кристина Фултон и во минатото има зборувано за проблематичното ментално здравје на син ѝ Вестон.

Но, таа тврди и дека Николас Кејџ е виновен за ова бидејќи постојано бил зафатен и воопшто не се грижел за него, а ова дополнително му ја влошила состојбата.

„Николас Кејџ му наштети… Јас сум таа што го одгледа Вестон.

Јас сум таа што се грижеше за Вестон. Неговиот татко беше премногу зафатен со работата“.

problematichniot-sin-na-nikolas-kejdzh-ja-udril-majka-mu-dodeka-imal-nerven-slom-ima-ubieno-kuche-06.jpg

Првпат беше хоспитализиран во 2011 година

Во 2011 година, Вестон и неговиот тренер од теретана биле во ресторан.

Наводно, Вестон сакал да порача нешто од менито, но тренерот не му дозволил.

Поради ова, Вестон изреагирал бурно и почнал да го напаѓа тренерот.

По ова, Вестон бил приведен и однесен во ментална установа.

problematichniot-sin-na-nikolas-kejdzh-ja-udril-majka-mu-dodeka-imal-nerven-slom-ima-ubieno-kuche-03.jpg

Има проблеми и со зависности

Вестон Кејџ има изјавено дека „самиот си го копал својот гроб“ со зависноста од алкохол и дрога.

Тој откри дека во еден ден пиел по неколку пива, повеќе од едно шише вино, силен алкохол како виски, а земал и апчиња за спиење.

Во 2012-та, пробал наеднаш да престане со алкохолот и лековите, по што значително му се влошило здравјето и завршил во болница.

По ова успеал да се ослободи од зависностите, а вели дека најмногу му помогнало тоа што станал татко.

Претходно, Вестон убил куче додека бил под дејство на кокаин, а тогаш татко му присилно го однел на рехабилитација, но безуспешно.

Наводно, тој го удрил кучето со палка за бејзбол.

problematichniot-sin-na-nikolas-kejdzh-ja-udril-majka-mu-dodeka-imal-nerven-slom-ima-ubieno-kuche-10.jpg

Ја обвинуваше мајка му за своите проблеми

Пред некоја година, Вестон поднесе барање за забрана за приближување за неговата мајка.

Тогаш тој ја обвини за психичко малтретирање.

„Додека имав проблеми со менталното здравје и бев во состојба на психоза, Кристина користеше психолошко малтретирање за да ми го ограничи пристапот до соодветен третман и до моето семејство.

Ми го зеде телефонот, ми го зеде паричникот, како и личната карта“, пишува во дел од неговото обвинение.

Не е познато како Вестон и мајка му го решиле овој проблем.

problematichniot-sin-na-nikolas-kejdzh-ja-udril-majka-mu-dodeka-imal-nerven-slom-ima-ubieno-kuche15.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Николас Кејџ никогаш посреќен со 31 годинa помладата сопруга + детали за 4-те пропаднати бракови на ... Иако е во брак со 31 година помлада жена, ова не е најскандалозниот брак на Нико...
„Ќе ја научиш ли ќерка ти да не биде како тебе?“ – Парис Хилтон критикувана затоа што ќе снима реалн... „Ќе покажеш ли и колку дадилки имаш?“, „Како не ти е срам да се фалиш дека си до...
Бен Афлек и синот „шлапнаа“ во вир, Жизел Бундшен тагува: Фото-докази дека и ѕвездите се „обични“ лу... Секојпат кога Бен е мизерен, тој завршува како меме, а пред неколку дена папарац...
Познати светски ѕвезди чии родители им го уништиле детството И покрај славата и богатството, раниот живот на Меколи Калкин не бил лесен. Со н...
Татко ѝ сакал да основа култ, бившиот сопруг пробувал да ја убие – Мрачни детали од животот на Крист... По детството со насилен татко, Кристина Ричи изјави дека ја повторила грешката к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg